Маж и жена од Мокриево загинаа попладнево во сообраќајна несреќа

Денеска во 14:10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Колешино, струмичко, Т.Н.(70) од село Мокриево, струмичко, управувајки патничкo возило “пасат” со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. На местото на несреќата лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт кај возачот и сопатничката Н.Н.(69) од село Мокриево. […]

Костадинов учествуваше на Економски форум на паметни градови од Западен

Во период од 16 до 18 ноември, во Прага (Чешка), се одржа Економски форум на паметни градови од Западен Балкан, во организација на министерствата за надворешни работи на Република Чешка и за индустрија и трговија.Во рамки на Форумот, учествуваше и Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. Економскиот Форум, во чии рамки присуствуваа претставници од јавниот […]

Жител на Сушица потешко повреден откако со автомобилот излетал од

Вчера во 15:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, во близина на село Ново Коњарево, А.Б.(42) од село Сушица, струмичко, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во […]

„Комуналец“ го чисти каналот на реката Тркања од Пречистителната станица

Екипа од Оделението Водовод и Канализација при ЈПКД „Комуналец“ започнува со чистење на каналот на река Тркања од Пречистелната Станица до спој со канал од „Крушевска Република“ и Каналот од мостот на улица „Климент Охридски“ до спој со реката Тркања. Целата должина на овој потег е околу 3 километри а со неговото чистење ќе се […]

Општина Струмица го објави конкурсот за доделување на годишна награда

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 19/07, 23/09, 25/09 и 18/22), Комисијата за општествени дејности при Советот […]

18.000 денари стипендија за студентите запишани на додипломски студии од

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска учестуваа на академскиот час во организација на Факултетот за Земјоделски науки и храна, по повод 17-ти ноември Меѓународниот ден на студентите. Министерот Николовски честитајќи го Меѓународниот ден на студентите, пред нив упати порака да бидат посветени на науката, гласни […]

Костадинов и заменик градоначалникот Паликарова во посета на Чешка

-Денеска заедно со советничката и заменик градоначалник на Струмица, Елена Паликарова, заедно со други колеги градоначалници го посетивме јавното претпријатие за градски транспорт во Храдце Кралове во Чешка, објави Костадинов. -Дискутиравме за менаџирањето со јавниот превоз, бенефитите од електричниот градски превоз.Како градоначалник силно ќе се залагам да Струмица биде прва општина во државата со целосно […]

Гевгеличанец заработи кривична пријава за разбојништво

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот закон. На 6 ноември во аптека лоцирана на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет. На 8 овој месец […]

Граѓаните од Муртино, Банско и Габрово даваа предлози за проекти

Нови предлог проекти во општинските програми за новата буџетска година синоќа дадоа жителите од населените места Муртино, Банско и Габрово на средбите со општинската администрација и претставници на јавните претпријатија. Јавните собири вечер продолжуваат во Свидовица, Куклиш и Костурино. Собирите почнаа на 7, а завршуваат на 18 ноември.

Украдени пари од црквата во село Марвинци

Вчера во ОВР Валандово било пријавено дека ноќта помеѓу 13 и 14 ноември со употреба на сила и погоден алат било влезено во црквата „Св.Петка“ во село Марвинци и биле одземени пари од кабината за продажба на свеќи, соопштија денеска од СВР Струмица. Бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.