Преку јавни собири со граѓаните се крои буџетот за наредната

На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов и оваа година буџетот на општина Струмица за 2023 година ќе се крои заедно со граѓаните преку одржување на Јавните собири во градот и населените места, информираа денеска од Општината. Синоќа во Домот на АРМ се одржа Јавен собир со граѓаните од осумтте урбани заедници во градот на кој […]

Формиран Ученички парламент во СОУ „Јане Сандански“

Денес беше формиран Ученичкиот парламент во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица. Претставниците од сите паралелки за свој претседател го избраа Ѓорги Цветанов. Заменик претседател на Ученичкиот парламент е Александра Петкова, а членови се Теа Зетова, Дора Акан и Глигор Манчев. Директорката Невенка Стојанова им го честиташе изборот и им посака плодна работа, успешно да го […]

СОУ „Димитар Влахов“ го одбележа патрониот празник

Учениците и вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа патрониот празник. По полагањето цвеќе пред бистата на Влахов, меѓу кои и претставници од Одделението за образование во општина Струмица, беше изведена пригодна програма којашто беше проследена од поголем број гости и пријатели на училиштето.

Изгоре „ауди“ во близина на Негорски Бањи

Вчера во 07:30 часот во Полициската станица Гевгелија, Т.Д.(64) од село Смоквица, гевгелиско, пријавил дека настанал пожар на неговото патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, паркирано во плац на регионален пат 1102 во близина на Негорски бањи, соопштија денеска од СВР Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени […]

Формиран Локален совет за женско претприемништво

За прв пат во општина Струмица денеска во Домот на АРМ се формираше Локален совет за претприемништво на којшто присуствуваа жени претприемнички. На првата работна средба присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов на кој унапредувањето на женското претприемништво му беше едно од ветувањата во предизборната кампања. -Верувам во потенцијалите на жените и нивниот претприемнички дух, но […]

Костадинов: Општина Струмица ќе изработи Локална стратегија за младите

-Носиме многу важен документ за младите во Струмица во партнерство со Центарот за истражување и анализи „НОВУС“.Денеска ја одржавме првата работилница за изработка на Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027 година на која се разговараше за моменталната состојба на младите и се дефинираа визијата и мисијата за млади во Општината, објави градоначалникот на […]

Полициски билтен: Со закана одземени пари од аптека во Гевгелија,

На 06.11.2022 во 16:57 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во аптека на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет, соопштија денеска од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.11.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Струмица, В.А.(22) од село […]

Товарен воз прегазил мигрант кај Миравци кој лежел на пругата

Синоќа во 01:07 часот било пријавено дека околу 00:15 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, во близина на село Миравци, удрил во лице кое лежело на пругата, соопштија денеска од МВР. Од страна на полициски службеници било излезено на местото и било утврдено дека станува збор за 30-годишно лице мигрант. Лекар констатирал смрт, […]

Костадинов:Го објавивме Јавниот повик за поддршка на младински иницијативи

-Идејата за бизнис на младите, поддршката наша и заедно за добар живот во нашата Струмица.Го објавивме Јавниот повик за поддршка на младински иницијативи – Старт ап за млади во 2022/2023 Втора фаза, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Ги повикувам сите млади невработени лица да ја искористат оваа можност и да се пријават, ние ќе […]

Продолжуваат обуките на пожарникарите од Југоистокот

Дел од доброволните и професионалните пожарникари од југоистокот на Р.С. Македонија и југозападот на Р. Бугарија, вчера и денес (3ти и 4ти Ноември 2022) присуствуваат на третата специјализирана обука во Банско, Република Бугарија, од вкупно шест предвидени модули на специјализирани обуки како дел од активностите на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”, соопштија […]