-75 години традиција, 75 години одбојка во Струмица. Создаваме бренд за препознавање и почит на Македонската одбојка. По тој повод ОК Струмица Никоб ви претставува еден квалитетен турнир со екипи од европски шмек, објави тренерот Кире Ричлиев. Турнирот започнува денеска, со воведниот натпревар меѓу екипите на Струмица Никоб и Будва од Црна Гора, а ќе […]
Александар Васовски се враќа на кормилото на „Пандевци“. Претходникот на Ѓорге Стојчев, кој пак си поднесе оставка на позицијата шеф на стручниот штаб во Академијата Пандев, се враќа во Првата македонска фудбалска лига, по кратката авантура во Сараево. Васовски од декември 2020, до јануари оваа година го водеше тимот на Академија Пандев на 32 официјални натпревари, […]
На 06.09.2022 во 15.55 часот во Полициската станица Струмица, А.И.(19) од село Чанаклија, струмичко, пријавил дека околу 15.00 часот во село Чанаклија неговиот брат Џ.И. бил физички нападнат од К.М.(20) од истото село. Истиот ден, во 16.30 часот и К.М.(20) пријавил дека бил физички нападнат од А.И. и Џ.И. од истото село. Се преземаат мерки […]
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, […]
Големата Get EXITed забава ќе се одржи утре, 7 септември во Градскиот парк во Струмица, а ќе настапат возбудливите имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар ќе приредат летна забава за паметење! Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и Другари, 21 […]
На 04.09.2022 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија, соопштија од МВР. При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била […]
На 03.09.2022 околу 18:00 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица приведени се 17 годишна малолетничка, С.Р.(18) и С.П.(20) од струмичко (сите три женски лица) откако било пријавено дека на 02.09.2022 околу 20:00 часот во стан во Струмица противправно ја држеле и физички и со употреба на остар предмет нападнале малолетничка од Струмица, […]
Струмичкиот прволигаш Академија Пандев по убедливиот пораз на домашен терен од 0-3 против лидерот во македонската Прва лига, Струга се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев. Ова беше дури трет пораз за екипата од Струмица во првите шест кола во македонскиот шампионат во кој се наоѓаат на петтата позиција со само седум бода, што беше доволно […]
На 01.09.2022 во 19.15 часот на улица „Илинденска“ во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Ф.(26) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.09.2022 […]
Општина Струмица набави ново специјализирано возило за собирање смет кое денеска градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде на ЈПКД „Комуналец“. -Заедно се радувавме на подновениот возен парк кој ќе придонесе и за поголема чистота.Вредноста на возилото е 6.500.000 денари, а набавено е преку Министерството за локална самоуправа, напиша градоначалникот Костадинов на фејсбук.