Изгоре комбајн кај селото Владевци

Денеска во 13:25 часот, во атарот на село Владевци, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возила и 4 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запален комбајн, соопштија струмичките пожарникари. Пожарот е локализиран и ликвидиран кратко време по пристигнувањето.

Костадинов:Со одлуката на српската влада за изземање на нашата држава

-Упатувам огромна благодарност до Владата на Република Србија за одлуката за изземање на Северна Македонија од забраната за извоз на гас. Упатувам благодарност и до македонската Влада, до премиерот Ковачевски и до претседателот на Република Србија, Вучиќ, што со нивните иницијативи и поддршки овозможуваат вакви регионални соработки, објави вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Конкретно […]

Украинци на диво копале на „Исар“ кај Марвинци

На 21.10.2022 околу 12:00 часот на археолошкиот локалитет „Исар“ кај село Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје, соопштија денеска од МВР. Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. […]

Костадинов најавува организирање јавен еколошки транспорт

-Да се има визија за Струмица, значи да се размислува долгорочно, да се овозможуваат услови за подобар живот на граѓаните.Во оваа криза сметам дека повеќе од потребно и е на Струмица јавен превоз, кој ќе биде еколошки и во согласност со долгорочната стратегија на ЕУ, европскиот зелен договор, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. […]

ЕДУКАЦИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ПРЕКУ ФИЛМ

Свртете ги филмовите за енергетска транзиција! Од 18 октомври, Младинското кино на ЕУ: Зелен договор е посветено на полето на тензијата помеѓу енергијата и климата. Филмовите и дискусиите во 21 кино во пет земји се придружени со атрактивна понуда за стриминг. Покрај Европската Унија, годинава за прв пат поддржувач е и австриското Министерство за заштита […]

Пожар проголта покрив и спрат од куќа во Василево

Во пожар кој избувнал околу 10 часот претпладнево во Василево изгореа покрив и спрат од семејна куќа. Во гаснењето на пожарот учествувале 9 пожарникари и 4 против пожарни возила на ТППЕ Струмица, а со големи напори пожарот бил изгаснат во 13:50 часот и не било дозволено да ги зафати и соседните куќи. Пртичинета е голема […]

Во сообраќајка кај Брајковци потешко повреден велосипедист

На 19.10.2022 во ОВР Валандово било пријавено дека во село Брајковци, валандовско, патничко моторно возило „фолксваген венто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(53) од село Баница, струмичко, удрило во велосипед управуван од Т.С.(64) од село Марвинци, валандовско, соопшија денеска од СВР Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински […]

Уапсени кочанчани, пронајден амфетамин

На 19.10.2022 во 20.30 часот на улица „Цветан Димов“ во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Б.М.(51), Г.М.(48), Д.М.(27), сите од Кочани и Д.А.(21) од село Грдовци, кочанско, соопштија од СВР Струмица. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.М., а во […]

Костадинов го честиташе празникот „Свети Тома“-Денот на неимарите и градителите

-Денеска ја имав честа лично да им го честитам празникот „Свети Тома“ – Ден на неимари градители на нивната традиционална 30-та по ред средба во манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Професијата градежник е една од најкреативните која со своите дела ни го прави животот полесен и поубав.Честит празник […]

Полициски билтен: физички напади, одземено огревно дрво без документација

На 17.10.2022 година во Полициската станица Гевгелија, М.Ѓ.(55) од Гевгелија пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга С.Ѓ.(44). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 17.10.2022 година во 19.30 часот во Полициската станица Радовиш, Н.М.(33) од село Ораовица, радовишко, пријавил дека околу 18.00 часот во село Ораовица бил физички нападнат од Ц.С. од […]