Струмичките пожарникари гаснат голем пожар кај Радичево и Дукатино

Денеска во 08:50 часот во атарите на селата Радичево и Дукатино, ТППЕ Струмица со 2 ПП теренски возила и 10 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена нискостеблеста шума. Пожарот помогнат од силниот ветер зафати површина од околу 20 хектари на тешко пристапен терен и е делумно локализиран. Екипи на ТППЕ Струмица сеуште се […]

Полициски билтен: Потешко повредени мотоциклист и тракторист

На 25.04.2022 во 17.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на делницата од село Смолари до крстосница со магистрален пат А4, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.Г.(64) од село Стиник, струмичко, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Г., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа […]

Фатени крадци во обид да украдат марихуана од фабрика кај

Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село ги лишиле од слобода Р.К.(23) од село Дрвош, струмичко, С.Р.(21) и Б.А.(21) од Радовиш. Тие биле затекнати при обид да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана на место викано „Добрава“ во близина на село Сушица, струмичко, соопштија од МВР. Лицата биле […]

Вечер Изложба на фотографии „Ерусалим“ во Градската уметничка галерија

-Изложбата ЕРУСАЛИМ се состои од фотографии направени 2018 и 2019 година во древниот град, фокусирајќи се претежно на оние свети места и градби кои се најзначајни за христијаните. Овие фотографии суптилно се обидуваат (без)временски да го отсликаат оној период од постоењето на градот, во оние триесет и три години кога Тој се родил, живеел, бил […]

Почина Мирчо Чуков од „Интервали“

Денеска во попладневните часови на 65 годишна возраст ненадејно почина Мирчо Чуков, познатиот клавијатурист и вокал на легендарната музичка група „Интервали“. На профилот на Чуков на фејсбук од него се простуваат многубројни пријатели и фанови.

Владата и СОНК постигнаа согласност, од среда да продолжи наставата

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во […]

Приведено лице за неовластено производство на марихуана во Струмичко

Полициски службеници од СВР Струмица го привеле Ј.П.(46) од струмичкото село Муртино. Во 9.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на село Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. Од МВР денеска соопштија […]

Владата обезбеди бесплатен превоз во железничкиот сообраќај за млади и

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:  Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во […]

Југоистокот избра приоритетни проекти за финансирање

На втората форумска сесија организирана од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион претставниците на граѓаните од општините, институциите и граѓанските организации од Југоисточниот плански регион ги ибраа проектите „Смарт вело регион“ и „Туризмот-иднината на регионот“ и тие се утврдени како приоритетни  за Југоистокот. Проектот „Смарт вело регион“ предвидува регионално поврзување на дел од вело […]

Се одржа Велигденски хепенинг во Центарот за култура

По повод започнувањето на Велигденските празнувања, во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ денеска се одржа Велигденски хепенинг на којшто присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов. На хепенингот учениците од основните училишта создаваа уметнички слики со разновиден материјал, а настанот беше отворен и за родителите и за сите граѓани кои сакаа првиот празничен ден да […]