Повторно е поставена плочата со ѕвезда на Горан Пандев на

Плоштадот „Гоце Делчев“ од денеска повторно го краси ѕвездата на нашата фудбалска легенда, Горан Пандев, објави денеска градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. На местото каде што беше украдена во ноември 2018 година, е поставена нова плоча со ѕвездата. Ѕвездата на Пандев беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион […]

Двајца новозаразени и оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нов случаj на ковид-19 во: -Скопје 157-Прилеп 35-Кавадарци 26-Охрид 19-Куманово 14-Штип и Неготино – по 13-Тетово 12-Гевгелија 10-Велес и Крушево – по 6-Битола, Гостивар и Делчево – по 5-Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3-Ресен, Валандово, и Кратово – по 2-Струмица, […]

Триесетдневен притвор за жител на Стојаково за разбојништво во казино

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.А.(26) од село Стојаково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Тој, на 28.01.2021 во казино во Богданци со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет. На 16.02.2021, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во […]

Изгоре камионска приколка во Куклиш

Утрово во 06:30 часот во село Куклиш, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 9 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалено товарно возило полно со картонска амбалажа. Опожарен е товарниот дел од возилото и самиот товар.

Црвен крст Струмица подготвен за акцијата за финансиска поддршка на

Во периодот од 12-14 февруари во Струга се организираше обука за зајакнување на капацитетите на волонтерите на Црвениот крст, за спроведување на активности поврзани за користење на алатката за финансиска поддршка на ранливото население преку готовински трансфер. На обуката, на која присуствуваа претставници од 17 општински организации на Црвен крст, учествуваше и волонтерот од Општинската […]

Единаесет оздравени и четворица новозаразени од коронавирусот во Струмица

Во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во: -Скопје 173 -Прилеп 41 -Куманово 22 -Кавадарци 21 -Тетово 13 -Велес 11 -Битола 9 -Крива Паланка 9 -Охрид 8 -Неготино 7-Крушево 6 -Штип 5 –Струмица 4 -Гевгелија 4 -Струга 3 -Делчево 3 -Валандово 3 -Гостивар 2-Кичево 2 -Ресен […]

Приведен разбојник од Стојаково

Денеска во периодот од 10:30 до 12:00 часот извршен е претрес во куќата и помошните простории на И.А. во село Стојаково, по претходно издадена наредба од Основен суд Гевгелија, соопштија попладнево од СВР Струмица. При претресот пронајдени се пари кои потекнуваат од кривично дело „разбојништво“ ивршено во казино од 28.01.2021, како и други предмети поврзани […]

Полициски билтен:Физички напад во Струмица, десет лица не носеле заштитни

Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Струмица, Т.С.(25) од Струмица пријавил дека околу 13.00 часот на ул.„Јајце“ во Струмица бил физички нападнат од А.М. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.02/16.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, […]

АПЕЛ: Да помогнеме на Стефан од Струмица

Стефан Таушанов од Струмица на само 32 години води тешка битка. Струмичани многу пати биле  хумани  и сплотени за да помогнат.Да помогнеме и овој пат. Повеќе информации за сите кои сакаат да помогнат, на следниот линк: https://www.gofundme.com/f/help-stefan-taushanov-with-his-cancer-treatment?utm_source=facebook&fbclid=IwAR1LXbas_3DxHGr1q1u1ikel5dabu5e7t2pcwB7KIQVnCvalK1hly64EeMY

Премиерот Заев и претставници на Сојузот на средношколците на нова

Договорот за модифицирање на државната матура на два екстерни предмети останува, дијалогот продолжува за изнаоѓање концепт за изведување на интерните предмети, е заклучокот од средбата на премиерот Зоран Заев и претставници на Сојузот на средношколците. Во продолжение соопштението до медимуите од Владата. -Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци […]