Се поставува енергетски ефикасно осветлување во Турското маало

На улиците „5 ноември“, потег од пресек со улица „Крушевска Република“ до улица „Бетовенова“ и улицата „Бетовенова“ до пресек со улица „Спиро Захов“се поставуваат нови 33 столбови со модерно и енергетски ефикасно ЛЕД осветлување. -Висината на грантот е 8,3 илјади евра, а изведувач на проектот е фирмата „Елко –Инг“, а краен рок за изведување на […]

„Комуналец“ со специјализирано возило врши чистење во центарот на градот

Со цел да се одржи јавната чистота низ градот Струмица, Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица со специјализирано возило за чистење на делот околу тротоарите на улиците, секое утро врши чистење на насобраната нечистотија по сите улици низ централното градско подрачје.Со ова се добиваат почисти коловози, а се намалува и подигањето на […]

Полициски билтен:физички напади во радовишко Јаргулица и Струмица

Синоќа во 01:10 часот во Полициска станица Радовиш, Ѓ.Г.(32) од село Јаргулица, радовишко, пријавил дека на 16.12.2020 околу 23.00 часот во неговото дворно место бил физички нападнат од Н.Т., Д.Т. и Б.Т., сите од село Јаргулица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 17.12.2020 во 01:50 часот во Полициска станица Струмица, З.А.(55) од […]

Повеќе оздравени од новозаразени и еден починат од Ковид-19 во

Во Струмица во последното деноноќие се регистрирани нови 25 заразени, 32 оздравени и еден починат на седумдесетгодишна возраст. Во последните 24 часа се направени 2889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 330-Куманово 28 -Дебар 12 -Штип 22 -Прилеп 47 -Тетово 42 -Струга 24 -Велес 35 -Битола 42 -Охрид 36 -Кавадарци […]

Претставена дигиталната екосистем платформа на Стартап Македонија

-На македонската страртап сцена Струмица има потенцијал етапно да се развива, вели претседателот Дејан Алексов од Стартап Македонија на денешното претставување во Струмица на дигиталната екосистем платформа како дел од караванот за нејзина промоција низ Македонија. – Дигиталната екосистем платформа на иновативен и дигитален начин го обединува стартап екосистемот каде ќе има проток на информации […]

Полициски билтен:брат физички нападнал брат во радовишко, 79 граѓани не

Вчера во 18:45 часот во Полициската станица Радовиш, С.И.(39) од радовишко село пријавил дека околу 16.30 часот во атар на селото бил физички нападнат од неговиот брат И.И. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.12/16.12.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење […]

МВР:Употребата и продажбата на пиротехнички средства е казнива

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и  репресивни  мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други  пиротехнички […]

Само еден оздравен и 35 новозаразени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 425-Куманово 40-Дебар 1-Штип 17-Прилеп 55-Тетово 32-Струга 24-Велес 23-Битола 39-Охрид 33-Кавадарци 22-Гостивар 30-Гевгелија 10-Струмица 35-Крива Паланка 7-Радовиш 5-Кочани 23-Пробиштип 4-Демир Хисар 4-Македонски Брод 3-Берово 1-Виница 1-Делчево 8-Кратово 3-Свети Николе 1-Кичево 12-Ресен 4-Неготино 19. Починати се 22 лица, седум […]

Полициски билтен:физички напад во Струмица, 65 лица не носеле заштитни

Вчера во 21:45 часот во Полициска станица Струмица И.М. (62) од Струмица пријавил дека во неговото дворно место на ул. Охридска“ во Струмица бил физички нападнат од Ѓ.Б. (57) од Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.12/15.12.2020), по однос на Уредбата […]

Влада: Еднократната поддршка од 6.000 денари која граѓаните ќе ја

Владата на Република Северна Македонија информира дека околу 300.000 граѓани кои ќе добијат 6.000 денари, можат да ги користат и после предвидениот рок 25 декември 2020 година.Тоа се пари на и за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите ќе може да се користат непречено веднаш после уплатата на сметка. Препораката за искористување […]