Премиерот Заев по повод Меѓународниот ден на ненасилство

Ве повикувам сите, да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет, стои меѓу другото во обраќањето на премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на ненасилство. Денес е Меѓународниот ден на ненасилство, ден кој треба да не потсети дека имаме обврска и должност […]

ЗНМ бара од ОЈО посебно одделение за решавање на напади

Претседателот Младен Чадиковски, директорот Драган Секуловски и адвокатот кој застапува група на новинари за нелегалното прислушување, Филип Медарски, вчера остварија средба со државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески. На средбата беа отворени повеќе прашања поврзани со подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници и како Основното јавно обвинителство да биде повеќе активно во гонење на оние кои се закануваат […]

Продолжува трендот на двоцифрен број заболени од Ковид-19 во Струмица

Денес во Струмица се регистрирани нови 11 случаи на заразени од коронавирус, во Гевгелија и Радовиш по еден и тројца во Валандово. Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 96 -Куманово 8 -Штип 7 -Прилеп 8 -Тетово 15 -Струга 3 -Велес 5 -Битола 8 […]

Во училиштата во општина Василево стартуваше учебната 2020/2021 година

„Во специфични услови предизвикани од Корона вирусот, со почитување на насоките и протоколите од надлежните институции за заштита од  Ковид 19, денес, во училиштата во општина Василево стартуваше новата учебна година“, информираа  директорите на двете основни општински училишта, Стојан Тимов од ООУ “Гоце Делчев“, Василево  и Соња Ничева директорка на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала. […]

Мотоциклист од Петралинци потешко повреден во сообраќајка во Дабиле

Завчера во 21:00 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пијаџо“, со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(44) од село Петралинци, струмичко, и патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (32) од село Дабиле, струмичко. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил […]

Почна ковид учебната година во основните училишта во Струмица

Првиот училишен час од новата учебна година, којашто поради пандемијата со Ковид – 19 започна еден месец подоцна и во специфични услови, градоначалникот Коста Јаневски го помина со првачињата од основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Дабиле, а ги посети и училиштата во Муртино и Банско. Успешен старт им посака и на сите ученици и […]

Струмица повторно со двоцифрен број заболени од Ковид-19

Денес во Струмица се регистрирани 10 новозаболени од коронавирусот. Во Гевгелија има 3, Радовиш-4 и Валандово-1. Оздравени се три лица од Струмица, и по две од Гевгелија и Валандово. Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 75 -Куманово 14 -Дебар 1 -Штип 5 -Прилеп […]

Денес во Струмица 9 новозаразени и 14 оздравени од коронавирусот

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 77 -Куманово 9 -Дебар 3-Штип 5 -Прилеп 11 -Тетово 16 -Струга 3 -Велес 5 -Битола 6 -Охрид 2-Кавадарци 3 -Гостивар 5 -Гевгелија 1 -Струмица 9 -Крива Паланка 3 –Радовиш 6-Кочани 10 -Пробиштип 3-Берово 1 –Валандово 3 -Виница […]

Родители во село Моноспитово со протест бараат настава со физичко

Родители на ученици од Основното училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово денес со мирен протест побараа сите ученици до деветто одделение да се вратат на настава со физичко присуство, бидејќи според нив училиштетото ги исполнува сите услови за настава според протоколите. Велат сите родители дале изјава дека се согласуваат нивните деца да посетуваат настава во […]

Потешко повреден пешак во центарот на Струмица

Вчера во 20.30 часот на крстосница од булевар „Ленинова“ и улица „4 Јули“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ј. (42) од Струмица, удрило во пешакот М.С. (50) од Струмица, објави МВР во билтенот. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид […]