Донирана комора за Ковид-19 тестирање во Центарот за јавно здравје

Центарот за јавно здравје во Струмица се опремува со комора со која ќе прави брза анализа на земените тестови за Ковид – 19 во својата лабораторија. Ова практично ќе значи дека примероците за тестирање нема да се праќаат во акредитираните лаборатории во Скопје, туку лабораторијата во Струмица самостојно ќе може да изработи околу 100.000 тестирања […]

Лекари и медицински сестри од струмичката болница позитивни на Ковид-19

Двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од ЈЗУ „Општа болница Струмица“ се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација, информираше директорот, д-р Наќе Гогов. Според него отсуството од работа на лекарите и сестрите се чувствува во работењето и затоа се обезбедува персонал од другите одделенија, каде што нема позитивни на коронавирусот. Позитивните […]

Со повеќе редари и агенции за обезбедување ќе се става

Денеска ја продолживме серијата средби со целни групи на Локалниот совет за превенција на Струмица за актуелната состојба со Ковид-19. По угостителите, средба одржавме со претставниците на банките пред чии филијали во Струмица деновиве зачестија мешаниците од граѓани.Се договоривме да се подобри дисциплината, да се воспостави ред со ангажирање на агенции или на друг начин […]

Дванаесет новозаразени во Струмица и четворица оздравени од Ковид-19

Во регионот денес во Струмица и Гевегелија се регистрирани по 12 нови инфицирани од коронавирус, во Радовиш-5 и во Валандово тројца. Во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 182 -Куманово 12 -Дебар 3 -Штип 13 -Прилеп 5 -Тетово 8 -Велес 7 -Битола 6 -Охрид […]

Угостителски објект од Струмица доби четири кривични пријави од полицијата

СВР Струмица поднесе четири кривични пријави против приватна фирма од Струмица и З.Х.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, објавено е денес во полицискиот билтен. На 22.08, 29.08., 06.09. и 12.09.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отворање и работа на кафетерии […]

Промоција на туристички водич и мобилна апликација на пет јазици-Монументал

Промоцијата на туристички водич и мобилна апликација на пет јазици,вебсајт и промотивни сувенири за новата туристичка тура Монументал МК –Споменици и бруталистичка архитектура на Северна Македонија ќе сеодржи на 9 октомври 2020 година (петок) од 12- 13 часот во хотел „Солун“во Скопје, соопштија од Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) одСкопје. Овој настан ќе […]

ЦЕФЕ Македонија реализараше успешна тридневна обука во Струмица

Успешно реализирана обука за бизнис вештини во Струмица во периодот од од 3 до 5 октомври во рамките на проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија“. Оваа тридневна обука ја водеа ЦЕФЕ обучувачите Ѓорѓи Милушев, Никола Делевски и Јасмина Узунова според ЦЕФЕ Методологијата. -Особено не радува фактот што интересот за оваа обука […]

Денес во Струмица 13 нови случаи на Ковид-19, 14 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 120-Куманово 10-Штип 8-Прилеп 15-Тетово 17-Струга 6-Битола 7-Охрид 4-Гостивар 1-Гевгелија 3-Струмица 13-Крива Паланка 2-Кочани 6-Пробиштип 2-Берово 3-Виница 1-Делчево 1-Свети Николе 3-Кичево 2-Неготино 1. Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75г. и 68г.), три пациенти од Гостивар […]

„Видливост“ почнува со снимање на видео приказните „Ана и дружината“

По интензивни подготовки Здружението за едукација и развој на деца „Видливост“ Струмица, почнува со снимањето на видео приказните “Ана и дружината” . Преку изработка на видео материјал во кој протагонистката Ана заедно со нејзината дружина, во форма на едукативна видео серија, ќе им помогнеме на децата полесно да го поминат овој конфузен, за нив, период […]

Почина Добрин Андонов- првиот градоначалник на општина Василево

Вчера почина Добрин Андонов-првиот градоначалник на општина Василево.  Роден е на 05.12.1958 година во Варварица, основно образование завршил во Василево, средно во гимназијата Јане Сандански во Струмица  и во 1982  година дипломирал на Економскиот факултет  во Штип, при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. На чело на општина Василево  е од нејзиното основање во  1996 година […]