„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на наставата на турски јазик
Почитувани сограѓани од турската заедница,
21 Декември е Ваш ден, ден кога пред 78 години започнала наставата на турски јазик во земјава, а веќе деценија и половина се одбележува како Ден на наставата на турски јазик.
Да се посетува настава на својот мајчин јазик е едно од вашите основни права, но и придобивка од негувањето и унапредувањето на долгогодишното заедништво на овие наши простори.
Негувајќи го Вашиот турски јазик, култура и традиција, Вие ги чувате белезите на Вашата национална припадност, но и придонесувате за севкупната слика на убавата македонска и струмичка целовитост.
Нека Ви е честит и вековит Денот на наставата на турски јазик.