„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Директорот Мојсовски на средба со новоизбраниот младински делегат во Обединетите нации Барлаковски
Директорот Наумче Мојсовски заедно со советникот за млади и младински политики на премиерот Заев, Ѓорги Тасев, остварија средба со новоизбраниот младински претставник oд Република Северна Македонија во Обединетите нации, Петар Барлаковски.
На средбата директорот Мојсовски му честиташе на Барлаковски за изборот и му посака успешен мандат во спроведувањето на целите, како и успех во извршувањето на должностите и претставувањето на младите од Северна Македонија на собирите во ООН, телата и комисиите.
Со учеството, младинскиoт делегат ќе промовира и охрабрува носење на одлуки со цел развој на заедницата во која живеат и ширење на свеста и значењето на ООН за младите луѓе, што ги прави важни чинители во заедницата. Покрај ова, тоа претставува важен чекор кон збогатување на дебатата, политичкиот дијалог и соработката меѓу носачите на одлуки и младите луѓе.
Барлаковски потенцираше дека слушањето на младите и креирањето на партнерство со нив во процесот на донесување на одлуки може да помогне на Владате, граѓанските организации и другите чинители во креирањето и донесувањето на поефективни и легитимни политики и програми, особено во поглед на младинските прашања, безбедносните систем, одржливиот економски развој, климатските промени и почитувањето на човековите права.
Посакувајќи му успех на Барлаковски во извршувањето на неговиот мандат, директорот Мојсовски изрази задоволство од оваа средба и уверување за понатамошна соработка во иднина.
Во целиот процес на избор на младински делегат, кој беше транспарентен и партициаптивен беа вклучени претставници од Агенција за млади и спорт, Канцеларија на Претседател на Влада, Министерство за надворешни работи, Канцеларија на резидентен координатор на ООН, Фонд за население на Обединетите нации (УНФПА), Детски фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Националниот младински совет.
Мандатот на младинскиот делегат е 24 месеци од моментот на избор, од кои 12 месеци активно вршејќи ја улогата на младински делегат и 12 месеци менторство на следниот младински делегат.