fbpx

Формиран Локален совет за женско претприемништво

 Формиран Локален совет за женско претприемништво

За прв пат во општина Струмица денеска во Домот на АРМ се формираше Локален совет за претприемништво на којшто присуствуваа жени претприемнички.

На првата работна средба присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов на кој унапредувањето на женското претприемништво му беше едно од ветувањата во предизборната кампања.

-Верувам во потенцијалите на жените и нивниот претприемнички дух, но и си стојам на зборот што го дадов дека родовата еднаквост во економскиот развој на Струмица е еден од предизвиците во мојот мандат. Ќе ги споиме вашите идеи и мојата поддршка и заедно ќе ги искористиме сите можности за унапредување на женското претприемништво, рече градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link