Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Оглас за вработување на електро-монтер во Енерго Центар во Струмица
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар во Струмица во Група 2, бараме:
ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО СТРУМИЦА (М/Ж)
Работни задачи:
Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
Отчитување на податоци од броила
Контрола на приклучоци и мерни места
Замена на броила на корисници
Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
Помош при отстранување дефекти
Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила
Потребни квалификации
IV степен електротехничко образование – Електротехничар – енергетичар
Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност
Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност
Возачка дозвола Б категорија
Одговорност, тимска работа
Комуникативност, флексибилност
Нудиме динамична работна средина, со можност за учење и напредување. Доколку сте заинтересирани за работната позиција испратете биографија на jobs.elektrodistribucija@evn.mk најдоцна до 31.07.2021.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.