fbpx

Полициски билтен: тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, пронајдена почината старица во Просениково

 Полициски билтен: тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, пронајдена почината старица во Просениково

На 12.10.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Владевци и Радичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „волво“ со полуприколка, со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Н.(60) од Струмица и патничко возило „хонда“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(46) од село Воиславци, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од патничкото возило „хонда“, Д.И.(42) од с.Воиславци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 12.10.2023 во 08.30 часот во село Просениково, струмичко, била пронајдена почината Б.В.(76) од село Просениково, за која на 07.10.2023 беше пријавено дека се оддалечила од домот. Лекар од Медицински центар Струмица констатирал природна смрт без траги на насилство и по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на семејството.

Share via
Copy link