fbpx

Струмица со 29 нови и 14 оздравени од Ковид-19

 Струмица со 29 нови и 14 оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 313 -Куманово 75 -Битола 59 -Прилеп 46 -Тетово, Велес и Кавадарци по 30 -Штип и Струмица по 29 -Гостивар 24 -Охрид 20 -Кичево 16 -Свети Николе 15-Гевгелија 14 -Делчево 13 -Богданци 9 -Неготино 8 -Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница по 7-Ресен и Валандово по 6 -Радовиш 5 -Берово, Пехчево и Македонска Каменица по 4 -Крушево и Кратово по 2 -Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по 1.

Пријавени се вкупно 31 починато лице: 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г ) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).

Регистрирани се 682 оздравени пациенти од:

-Скопје 285 -Кавадарци 57 -Прилеп 49-Куманово 45 -Битола 31 -Гостивар 29 -Велес 24 -Тетово и Кичево по 20 -Неготино 19 -Гевгелија 18 -Штип 16 –Струмица 14 -Кочани 10 -Валандово 9 -Берово 8 -Свети Николе 7 -Демир Капија 4 -Ресен, Пробиштип и Виница по 3 -Охрид, Радовиш и Македонски Брод по 2 -Струга и Дојран по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

Share via
Copy link