Tags : честитка

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на детето

Со голема љубов и и неизмерна почит, на сите деца им го честитам Светскиот ден на детето. Децата се нашиот живот, нашето најголемо богатство, нашата радост, гордост, нашата иднина. За мене, како човек и како Градоначалник, и за Oпштина Струмица, тие се на врвот од нашите приоритети во обезбедувањето квалитетни услови за правилен раст и […]

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Курбан Бајрам

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, Курбан Бајрам, еден од двата најголеми празника во исламската вера, и годинава е убава можност за сите Вас, да останете верни на духовната традиција и да ги покажете на дело љубовта, разбирањето и милосрдието како највисоки човекови вредности. Овој Ваш празник како олицетворение на солидарноста, нека ве води кон остварувањето […]

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Денот на Сесловенските

Почитувани сограѓани,    Денес   одбележуваме   голем   празник. Денес ги чествуваме Сесловенските просветители – солунските браќа Св. Кирил и Методиј.Тоа се Апостолите кои ја изумиле глаголицата како писмо-темелник врз кој е „изградена“  кирилицата од страна на нивните ученици. Тоа се вредните мисионери кои во 9. век ги ширеле христијанството и писменоста меѓу Словените од Голема Моравија […]

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, Повторно  го дочекавте  големиот ден  во кој  го славите Вашиот  духовен триумф  даден од верата, молитвите и Рамазански пост, ползувајќи ги четирите димензии на Рамазан, преточени во духовноста, моралот, солидарноста и здравјето. Заокружувајќи го месецот на добрината, милоста, љубовта и простувањето, Вие ги заслуживте богатите дарови од Рамазан исполнети со […]

Честитка од премиерот Заев по повод Денот на слободата на

Информацијата e јавно добро. Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите важно е да повториме и потврдиме дека во Северна Македонија никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации. Властите кои кај нас криеја информации ја заробија државата. Од 2017 година ги отворивме институциите, ги декласифициравме податоците за трошењата и почнавме да објавуваме […]

Градоначалникот Јаневски им ја честиташе шампионската титула на Џио Струмица

-Честитки за одбојкарите на Џио Струмица за освоената шампионска титула. Момци, уште еднаш докажавте дека сте најдобри во македонската одбојка. Вие сте гордоста на Струмица!, напиша Јаневски.

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Денес целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација, го одбележува 7. Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој ден го привлекува вниманието на светската јавност на најважната и највредната работа во животот на луѓето, а тоа е здравјето. За жал, и годинешното одбележување на Светскиот ден на здравјето се случува во […]

Честитка од премиерот Заев по повод Денот на заштитниците на

Денеска мојата родна Струмица им оддава почит на своите заштитници Светите Петнаесет тивериополски маченици, кои ги положиле животите за христијанската вера. Во градот во кој растев и кој растеше над десет години под мое раководство, струмичани им оддаваат почит на свештеномачениците, на неговите заштитници, кои се одраз на морално достоинство и вера во правда, добрина […]

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод празникот 8 Декември-Св. Климент

Почитувани сограѓани, Денес го чествуваме словенскиот просветител Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, создавач на Охридската книжевна школа, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник и преведувач ко јбил назначен за прв словенски епископ на Балканот. Да го чуваме достојно ликот и делото на Свети Климент Охридски, затоа што споменот за […]

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Светскиот ден на детето

Денешниов ден – 20 Ноември е Ваш ден, ден кој низ сите светски меридијани се слави и одбележува како Светски ден на детето. Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го прогласи 20. Ноември како Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата ширум целиот свет и да ги […]