fbpx

Tags : честитка

Градоначалникот Костадинов со честитка до Славица Ангелова

Синоќа нашата струмичанка Славица Ангелова со најмногу гласови победи на музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“. Со одлични гласовни способности, но и огромна поддршка од публиката, годинава нашата струмичанка е победник во едно од најпознатите музички шоуа. Од се’ срце и го честитам овој успех на Славица, и и’ посакувам успех во кариерата понатаму! Фото: ФБ […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на Црвениот

-Хуманоста е доблест, подадена рака, несебичност, пожртвуваност и пример за човечност, во вистинската смисла на зборот, а без сомнение, најголем синоним за хуманоста е Црвениот крст и Црвената полумесечина. На оние со кои се гордееме – на вработените и волонтерите во Општинската организација на Црвен крст – Струмица, им посакувам понатамошен успех во нивната благородна […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на македонската полиција

Нашата полиција е наш верен пријател. Нашата полиција е добар служител на граѓаните, професионален применувач на законите и чувар на нашите животи и материјални добра. Нашата полиција бескомпромисно се грижи за редот, мирот и безбедноста. Таа е секогаш будна, за општина Струмица да спие мирно. ЧЕСТИТ НЕКА Е 7 МАЈ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА.

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на театарот

Почитувани членови на Струмичкиот театар „Антон Панов“, Ако се знае дека театарот е една од најстарите и највозвишените уметности што ги смислил креативниот човечки ум, тогаш останете возвишени и Вие во Вашата уметничка мисија.Бидете и верни на божицата Талија и горди на Вашите „штици што живот значат“, за да останат горди со Вас и сите […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Водици

Почитувани сограѓани од христијанска вероиосповед, Во овој месец исполнет со духовна благодат, Богојавление – Водици е еден стожерните празници кои ја будат во нас љубовта кон животот и верата на која и припаѓаме. Споменот за крштевањето на Исус Христос во осветените води на реката Јордан од страна на Св. Јован Крстител, не повикува да ја […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Католичкиот Божиќ

На сите верници – христијани од католичка вероисповед кои денес го слават Божиќ, од длабочината на моето срце им го честитам денот на Раѓањето Христово, со желба празнувањето да го поминат во семејна радост, среќа и благосостојба. Нека биде благословено радувањето и празнувањето на овој голем христијански празник. ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ БОЖИК.

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на наставата на

Почитувани сограѓани од турската заедница, 21 Декември е Ваш ден, ден кога пред 78 години започнала наставата на турски јазик во земјава, а веќе деценија и половина се одбележува како Ден на наставата на турски јазик. Да се посетува настава на својот мајчин јазик е едно од вашите основни права, но и придобивка од негувањето […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на Армијата

-Денес е ден за гордост. Денес е ден кога нашата армија слави 30 години од своето постоење, а со неа славиме и сите ние.Армијата на Република Македонија, служејќи и на татковината и на своите македонски граѓани, е еден од стожерите на нашата земја и посветен чувар на нејзиниот мир, слобода, безбедност и територијален интегритет. Но […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Меѓународниот ден на младите

Почитувани млади сограѓани, Струмица има стари корени од кои постојано излегуваат млади ластари. Таа раскошна и бујна вегетација сте токму Вие – младите луѓе. Вие сте срцето, душата и крвотокот на градот и општината. Вие сте животот на Струмица.Младоста е Вашиот најсилен адут. Искористете ја таа младост за Ваше активно вклучување во сите сфери на […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод 2 Август, Илинден

Двата Илиндена се штембилот и печатот на документот на нашето постоење. Првиот Иинден е срцето, а вториот – душата на македонскиот организам. Такви биле, такви се, такви и ќе останат за век и векови, по заслуга на Илинденците и Асномците. Нека ни се честити двата Илиндена.Нека ни е вековит Денот на Републиката.