Tags : Градоначалник

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод 2 Август, Илинден

Двата Илиндена се штембилот и печатот на документот на нашето постоење. Првиот Иинден е срцето, а вториот – душата на македонскиот организам. Такви биле, такви се, такви и ќе останат за век и векови, по заслуга на Илинденците и Асномците. Нека ни се честити двата Илиндена.Нека ни е вековит Денот на Републиката.

Прием кај градоначалникот Костадинов за учениците кои освоија многу признанија

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска организираше прием за членовите на екипата од паралелката за угостителство и туризам во СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица која на меѓународниот гастро фестивал „Ниш 2022“ во Србија освоија 16 медали и 5 пехари во повеќе категории. На приемот разговараа за содржините на натпреварот, за стекнатото искуство, но и за силната конкуренција […]

Матурантката Ана Марија Јованова денес е градоначалник на Струмица

-Никогаш не сум кажал дека се знам и дека моите идеи се најдобри.Но, сум кажал дека мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за сите граѓани, за нивните предлози и сугестии за подобра Струмица.Првото доброутро и добредојде во мојот кабинет и го посакав на Ана Марија Јованова, 18-годишна млада девојка која штотуку го заврши средното образование […]

Средба на градоначалникот Костадинов со ученици гости на СОУ „Никола

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска имаше средба со ученици и нивните професори од училишта од Португалија, Шпанија, Турција, Полска и Естонија, сите партнер училишта на СОУ „Никола Карев“ од Струмица во проектот Еразмус+ проектот CODE OF FUTURE-ECO FRIENDLY ROBOTICS. На средбата разговараа за проектот и нивните идеи за зачувување на животната средина преку пронаоѓање решенија за […]

Градоначалникот Костадинов во посета на СОУ„Никола Карев“

-Стручното образование е многу важна алка во локалниот економски развој.И како градоначалник и како општина го поддржуваме неговото унапредување во создавањето стручни кадри кои се барани на пазарот на трудот.Денеска го посетив средното општинско училиште „Никола Карев“ во чија програма се застапени повеќе струки, објави градоначалникот Костадинов. – Посебно задоволство ми беше посетата на работилницата […]

Почина Костадин Манолев, првиот градоначалник на Струмица во независна Македонија

Денеска во Струмица на на 78 годишна возраст почина Костадин Манолев, прв градоначалник на Струмица во независна Македонија во периодот од 1990 до 1996 година, најпрвин како претседател на Општина Струмица, а потоа како градоначалник. Покрај оваа функција, Манолев во текот на својот живот извршувал и други значајни општествени и политички функции.

Градоначалникот на Василево во посета на општина Кресна, Бугарија

-Во рамки на работната посета на Република Бугарија, остварив средба со градоначалникот на општина Кресна, Николај Георгиев. На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу двете општини. Беше разговарано и за размена на искуства во областа на образованието, објави градоначалникот на Василево, Славе Андонов.

Градоначалникот Андонов оствари средба со координаторот на ТИКА Халим Омер

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и координаторот на ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) Халим Омер Согут, заедно ги посетија населените места Висока Маала и Новаа Маала, по што имаа работен состанок во кабинетот на градоначалникот Андонов. Во фокусот на посетата на населеното место Висока Маала, беше новото училиште во ова населено место, […]

Костадинов: Задутре почнува струмичкото чудо-Струмичкиот карневал!

По пауза од две години поради пандемијата од Ковид 19 го враќаме „Струмичкото чудо“. Вековната карневалска традиција продолжува од 2 до 9 март со сите нишани на типичното, само за нас, празнување под маски, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Со претседателот на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов, на денешната прес конференција ја информиравме […]

Отчет на градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов за првите

Градоначалникот на општина Василево, Славе  Андонов во присуство на голем број свои сограѓани, даде отчет за сработеното во првите сто дена од својот мандат. Како што рече на почетокот на своето обраќање отчетот го дава „достоинствено, отворено, со крената глава, свесен за постигнатото, притоа….максимално почитувајќи ги барањата на граѓаните бидејќи оправданоста на сите активности има […]