Вчера во 17:00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на местото „Чешме маале“ на регионален пат планина Плачковица – Радовиш, Ј.З.(60) од Радовиш управувајќи патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани […]
Tags : радовишанец
Вчера во 10:20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10:00 часот на улицата „Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив, соопштија денеска од СВР Струмица. По целосно расчистување […]
Денеска ОВР Радовиш до Основен суд Струмица поднесе кривична пријава против С.М. (26) од Радовиш, поради постоење сомнение дека ноќта меѓу 20/21 април во Радовиш осомничениот извршил обљуба врз малолетничка. С.М. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Вчера во 21:40 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека Н.Н. (59) од Радовиш скршил апарат за игри на среќа во казино во Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:00 часот било пријавено дека на локалниот пат Струмица – село Просениково, патничко возило „ауди А4“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58) од Радовиш, излетало надвор од коловозот. Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.