fbpx

Во Струмица ќе гласаат 473 болни и шест лица во самоизаолација

До Општинската изборна комисија во Струмица до синоќа, кога беше последниот рок за поднесување на барања за гласање на болни и изнемоштени лица, се поднесени вкупно 473 барања и шест за лица кои во самоизолација, сооппшти претседателот на ОИК-Струмица, томислав Андреев.

Според него, комисијата денес ќе ги разгледа барањата и сите тие што имаат потребна здравствена документација ќе им биде дозволено да гласаат.

Во општина Струмица шест избирачки места од вкупно 83 се преместени на други локации, бидејќи не ги исполнуваат условите според здравствените протоколи за изборите закажани на 15 јули.

Инаку, бројот на пријавените болни лица е двојно поголем од тие што гласаа на претседателските избори лани.

Share via
Copy link