Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика . Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар. Со […]
Вчера околу 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Свети Николе од полициски службеници од Полициска станица Штип, по претходно добиено известување, биле пронајдени девет лица-мигранти од Сирија. За настанот е известен Јавен обвинител и по негова наредба лицата- мигранти се пренесени во ПТЦ „Винојуг“ Гевгелија. Извор: МВР-билтен
Македонските печалбари од јануари до март годинава испратиле рециси 46 милиони евра дома – покажува статистиката на Народната банка. Податоците говорат дека дознаките од нашите работници во странство во тој период се уште се држат добро, со оглед на тоа што само дел од месец март зафати пандемијата во светот со вирусот Ковид – 19. […]
Според маркетинг агенции, кои се занимаваат со онлајн продажба, таквиот начин на купување е во се поголем подем во нашата држава, а растот е забрзан заради коронавирусот, кој принуди многу бизниси да се префрлат на онлајн продажба. Како потврда на таквото тврдење го наведуваат податокот дека оваа година досега се регистрирани околу 100 нови е-трговци, […]
Во среда, а врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука од 1 јули, ќе бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, соопшти Владата. Протоколите за работа на аеродромите се изготвени, а министрите за транспорт и врски и за здравство, Горан Сугарески и […]
Во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 61-Куманово 8-Дебар 1-Штип 14-Прилеп 5-Тетово 22-Струга 19-Велес 5-Битола 3-Охрид 14-Гостивар 7-Струмица 1-Кочани 2-Пробиштип 1-Демир Хисар 1-Пехчево 1-Кичево 6-Ресен 5 Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга. Денеска Институтот […]
Од овде од Иловица од преубавиот струмички регион упатувам јасна порака!Со СДСМ рудник за злато нема да има. Ние веќе го имаме наши рудници и наше злато.За нас рудници се нашите ниви, нашето злато се нашите производи. Разликата е јасна.Гласот за СДСМ е глас за здрава и чиста животна средина, глас за силно земјоделие.Гласот за […]
Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19. Скопје 93 Куманово 7 Штип 3 Прилеп 4 Тетово 12 Струга 3 Битола 1 Охрид 9 Гостивар 3 Кочани 1 Кичево 8 Ресен 5 Неготино 1 Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје. […]
Денеска е меѓународен ден на микро, малите и средни претпријатија. Таквите претпријатија се важен дел од македонската економија.Ковид 19 пандемијата не поштеди никого. Како влада реагиравме навреме со цел заштита на секое работно место и нарушен бизнис.Во првиот сет на мерки беа опфатени најпогодените сектори.Угостителството, туризмот и транспортот.Со вториот сет на директна поддршка од 14.500 […]
Седумнаесет мигранти биле пронајдени на магистралниот пат Струмица – Штип, а во нивна близина било пронајдено возило. Според информациите на МВР, вчера во 21 часот под надвозникот, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници биле пронајдени 17 мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан. Во близина […]