Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10%, повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука. Независниот академски синдикат (НАкС) исто така […]
Министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека до сега се аплицирани 175.348 дози вакцини, а се ревакцинирани 25.648 граѓани. „Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани. Бројот […]
Од вечер на полноќ стартува скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај. Работното време на угостителските објекти е продолжено до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување […]
Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи им честиташе Рамазан Бајрам на сите граѓани од муслиманската вероисповед, посакувајќи им многу здравје и среќа. Тој упати и апел да се почитуваат и здравствените протоколи и посака празничните денови да се поминат во слога и спокојство со најблиските. Во прилог прочитајте ја целата честитка: „Го честитам големиот муслимански верски […]
Владата минатата година донесе уредба со која на граѓаните кои веќе платиле аранжмани истите да им се претворат во ваучери, за да не бидат принудени агенциите да им ги вратат парите. „Речиси 90 отсто од аранжамините кои се пријавени во Министерството за економија, пошто така беше и решението, се купени за летување во Грција. Тие […]
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје” ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој ја предаде донацијата од 6.000 дози вакцини против коронавирусот (КОВИД-19), како пријателски чин на Владата на Република Унгарија. Министерот […]
Почнувајќи од утре, 12 мај 2021 година на сила се новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница: Полицискиот час започнува од 24:00 часот, а трае до 04:00 часот наутро наредниот ден. Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, […]
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ започнаа со реализација на голема кампања „Биди ИНклузивен“. Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај населението за важноста на инклузивното образование и […]
Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување: Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на […]