fbpx

Општина Василево преку Проектот „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“, до самостојно снабдување со електрична енергија

 Општина Василево преку Проектот „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“, до самостојно снабдување со електрична енергија

-Општина Василево официјално стана дел од проектот „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“ финансирaн преку Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен регионален развој“ финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Амбасада во вкупна вредност од 22.899.786,00 денари.“, информираше преку својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општин Василево Славе Андонов, во врска со одобрувањето средства за реализација на Проектот  „Енергетски ефикасен регион“ во чии рамки на покривите на две јавни институции во Радовиш, „Спортско рекреативниот центар 25-ти мај“ и ОУ „Крсте Петков Мисирков“   ќе бидат инсталирани фотонапонски централи со капацитет за производство на 430 KW часови електрична енергија. Бенефит од вака произведената електрична енергија ќе имаат трите општини кои учествуваат во овој проект, односно општините  Радовиш, Василево и Конче.

-Ние со задоволство сме дел од овој проект кој се вклопува во нашите стратешки и програмски цели за енергетски независна општина. Наша определба е и понатаму да работиме на ова поле. Идната година ќе отпочнеме постапка за урбанизирање на парцели за изградба на фотоволтаични централи. Исто така преку ИПА фондовите за Прекугранична соработка на ЕУ ќе аплицираме со проект за целосно енергетски независни јавни институции односно поставување на фотоволтаици на сите општински училишта, јавни претпријатија и на самата административна зграда на општина Василево“, изјави градоначалникот на општина Василево, на прес конференцијата  одржана по тој повод  во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Поставувањето на фотонапонските централи треба да заврши за шест месеци

Зафатот се реализира од грантовата шема на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.

Share via
Copy link