fbpx

Центар за истражувања и анализи НОВУС почнува нов проект за зголемување на медиумската и дигитална писменост

 Центар за истражувања и анализи НОВУС почнува нов проект за зголемување на медиумската и дигитална писменост

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ со задоволство го најавува проектот “Информирани Локални Заедници: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандари”, кој го спроведува во партнерство со „Медија Флеш“, а се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија.

Проектот “Информирани Локални Заедници: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандари” има за цел да изгради локални перспективи за европска интеграција преку зајакнување на медиумската и дигиталната писменост, eтичко информирање и стандарди за квалитет на новинарството во Струмичкиот микрорегион.

Овој проект се стреми да ги зајакне капацитетите на локалните медиумски организации, електронски портали, новинари, како и да помогне во зголемувањето на медиумската и дигитална писменост во Струмичкиот микрорегион, а со тоа и подобрување на информираноста на граѓаните и нивното учество во процесите на европска интеграција.

Дел од активностите ќе вклучуваат и изработка на програми и кампањи за медиумска и дигитална писменост со што групата на луѓе засегната од овие активности во иднина ќе добива поквалитетни информации од страна на медиумите околу локалните перспективи за европска интеграција.

Информациите за понатамошен тек на нашиот проект може да ги следите на нашите социјални мрежи: Facebook: https://www.facebook.com/ZdruzenieNovus/, Instagram: @novus_ngo, и на нашата веб страна: associationnovus.org.

Проектот „Информирани Локални Заедници: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандарди“ е поддржан преку програмата за мали грантови на „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансирана од Европската Унија.

Share via
Copy link