Уапсен струмичанец-се обидел на сила да одземе пари

 Уапсен струмичанец-се обидел на сила да одземе пари

МВР соопшти дека вчера во 18:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.И.(37) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 17.00 часот се обидел со употреба на сила да одземе пари од М.Ј.(57) од Струмица.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот, против Р.И. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Share via
Copy link