Советот на Општина Струмица донесе одлука за ребаланс на буџетот

На денешната 23-та седница Советот донесе и усвои значајни одлуки од работата на Општината, јавните претпријатија и основните општински училишта. Советниците ги усвоија извештајот за извршување на буџетот за првиот квартал од 2023 година, одлуката за ребаланс на буџетот и измените на општинските програми. Основниот буџет за 2023 изнесуваше 805.098.000 денари, а со ребалансот тој […]

Во селото Сушево се асфалтира улица

Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, денеска беше во населеното место Сушево, каде присуствуваше на асфалтирањето на улицата чија изградба деновиве се одвиваше во континуитет, соопштија од Општината. Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година чиј изведувач на терен е градежната компанија […]

Ќе се реконструира кино салата во Валандово

-Денес, со Министерството за култура го потпишавме договорот за реконструкција на кино салата во Валандово, како еден од најважните објекти за културниот живот на локалната заедница, објави градоначалникот Перо Костадинов. -Реконструкцијата ќе опфаќа: поставување на нова кровна конструкција, фасада, плафон, комплетна промена на столаријата, молеро фарбачки работи во внатрешноста, нов под во салата, под со […]

Ротари клубот Скопје Исток прослави една година постоење

Ротари клубот Скопје Исток го прослави својот прв роденден од основањето и вклучувањето во филантропските активности за поддршка на заедницата во Македонија. Сите 26 члена на Клубот се фокусирани на поддршка на образованието, на културата и на ранливите групи граѓани. Во поздравниот говор, чартер и сегашен претседател на Клубот, Глигор Михаиловски, ја изрази својата воодушевеност […]

Приведен струмичанец побегнат од затвор

Денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва“, во Скопје го лишија од слобода И.М.(48) од Струмица, кој бил баран со меѓународна потерница поради бегство од затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, четири месеци и 15 дена, соопштија од МВР. Тој […]

Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Бања Лука

Струмичките карневалски групи деновиве имаа уште едно успешно претставување на Струмичкиот карневал во странство. Овојпат достојно се претставија на 2-от меѓународен Бањалучки карневал кој се одржа од 26 до 28 мај 2023 година, во Бања Лука, Република Српска, БиХ. Меѓу 18-те карневалски групи учесници, нашите карневалски групи: ООУ ,,Сандо Масев” Струмица, со карневалска маска ,,Моќта […]

Со првата предфестивалска вечер стартуваше Фолк фест „Валандово“

Со првата фестивалска вечер, на која настапија Жељко Самарџиќ, Јоце Панов и Распеани валандовчани синоќа на Градскиот плоштад во Валандово стартуваше 36.издание на Фолк фест „Валандово“. Вечер со Ефто Пупиновски, Ана Бекута и „Куку леле“ продолжува предфестивалската забава,а главната фестивалска вечер ќе се одржи утре во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на сцената ќе бидат […]

ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС: Секогаш се залагаме за транспарентност и соработка со

Комерцијална ПР објава Во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашањата за заштита на животната средина кои се втемелени и во „Архуската Конвенција“, менаџментот на Еуромакс во континуитет се залага за широка транспарентност и максимална достапност со аргументирани информации. Секогаш сме подготвени за конструктивен дијалог и […]

Одбележан патрониот празник на училиштата „Маршал Тито“ во Струмица и

Во Oсновното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица денеска беше одбележан патрониот празник. Во присуство на гости и пријатели на училиштето, родители, вработени и ученици, за празникот зборуваше директорката Благица Устапетрова, а беше изведена и богата програма специјално подготвена за овој голем празник за училиштето. Денеска празнуваа и учениците и вработените во Oсновното општинско училиште […]

Приведени три лица од Банско, затекнати при пустошење на шума

Вчера во 14:00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко, соопштија денеска од МВР. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума. Од страна на […]