Струмичките пожарникари изгаснаа запалена цистерна на патот Струмица-Радовиш

Денеска во 09:18 часот, на регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на село Владевци, ТППЕ Струмица со 2 против пожарни возила и 6 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена цистерна која превезувала дизел гориво, соопштија пожарникарите. Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран. Фото: ТППЕ Струмица

Одбележана 79-годишнината од убиството на Благој Јанков Мучето

Општина Струмица денеска ја одбележа 79-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето. Пред спомен обележјето во големиот градски парк се одржа пригодна свеченост на која беше положено свежо цвеќе, а за животот и делото на Мучето говореше Ице Беличев член на Советот на општина Струмица. -На денешен ден во таа веќе далечна 1944 […]

Полициски билтен:приведени повеќе лица во Струмица,контроли на мотоциклистите

На 12.07.2023 во 14.20 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.А.(44) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.При претресот, А.А. со лицата Ѓ.А. и М.А. агресивно се однесувале кон полициски службеници при вршење службени дејствија. А.А. бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот […]

Во сообраќајка во Радовиш повреден мотоциклист и сопатничка

Вчера во 18:30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Илинденска“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Р.А.(38) од Радовиш и мотоцикл со радовишки регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(49) од Радовиш, соопштија денеска од СВР Струмица. […]

НА ИНИЦИЈАТИВА НА СЕМЕЈСТВОТО КОСТАДИНОВИ ДОНИРАНА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО СТРУМИЧКАТА

Денес во ЈЗУ Општа Болница Струмица пристигна донација во форма на медицинска опрема, сочинета од три ЕКГ апарати (еден од модел Cardioline 200S и два од модел Cardioline 100S), пет мулти-параметарски ЕКГ монитори(модел Bistos BT-750) и соодветни додатоци – специјална хартија за обезбедените ЕКГ апарати, со која Одделението за Кардиологија ја доби дополнителна опрема за […]

Костурино го одбележа Петровден со турнир во пеливанско борење

-Кога и високите горештини не се пречка да се остане верен на традицијата, тогаш Костурино и неговите граѓани ги заслужуваат сите мои честитки, напиша градоначалникот Костадин Костадинов, честитајќи им го празникот Петровден на жителите на село Костурино. -Денешниот празник Петровден повторно е во знакот на традиционалниот турнир во пеливанско борење, кој секоја година на денешен […]

АКТИВНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА: СКОК ОД 7 МЕСТА И

Годинава Општина Струмица го бележи своето највисоко ниво на транспарентност од почетокот на мерењето на Индексот за активна транспарентност, соопштија денеска од Општина Струмица. Општина Струмица, согласно Индексот за активна транспарентност 2023 година и оваа година се карактеризира со “многу добра“ активна транспарентност со исполнување на обврските за објавување јавни информации од 91,4%, што претставува […]

Од 169-та владина седница: Мерки и препораки за заштита на

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекуваат во следните четири денови и усвои соодветни препораки. Државата, како што извести Министерството за здравство, по добиени информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, 13 јули 2023 година, ќе биде зафатена […]

Успешната приказна на Александар

Афионот како дел од македонската традиција се враќа на земјоделските полиња. Александар Димитриевски е доказ дека работата, идејата и вербата се главен мотив за да се успее во земјоделството. Преку поддршката и промовирањето на афион културата ги мотивираме земјоделците и го враќаме афионот на листата на значајни стратешки култури. Го вреднуваме гласот на земјоделецот. Поддршката е од големо значење за земјоделците, но и за домашното земјоделско […]

Костадинов најавува казни за несовесните граѓани кои фрлаат мебел на

-Од сите нас зависи каква слика сакаме да оставиме за Струмица.Оваа состојба не е ниту од „Комуналец“ ниту од советниците ниту од администрацијата, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Мебелот кој на некој не му требал дома, можел да се јави во „Комуналец“ и без финансиски надоместок да го подигнат.Таквото луксузирање на поединци ќе биде […]