Никола Ѓоргиев освои титула во Словенија, имаше поддршка од Владо

Екипата на АЦХ Волеј од Љубљана по 19-ти пат стана шампион на Словенија, а голема заслуга за нивната титула годинава, која ја обезбедија вечерва со победата над Калцит Камник од 3-1 во сетови, има македонскиот коректор Никола Ѓоргиев кој е и капитен на АЦХ Волеј. АЦХ Волеј без пораз сезонава ја освои титулата во Словенија. […]

Српската Влада донесе одлука за соработка на Лесковац со Струмица

Српската Владаа на денешната седница донесе одлуки за соработка на повеќе општини во Србија со општини и градови во други земји, меѓу кои е и соработката меѓу градот Лесковац со градот Струмица и општината Лебане со Кривогаштани во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Градот Лесковац ќе воспостави соработка со општина Струмица, Република […]

Просечната плата во февруари 33 720 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава, изнесувала 33 720 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Градежништво (21.3 %), Информации и комуникации (18.5 %) и Објекти за сместување и […]

Струмица Никоб го направи првиот чекор кон освојување на шампионската

Одбојкарите на актуелниот македонски шампион, Струмица Никоб, вечерва го направија првиот чекор кон освојувањето на титулата во годинашното првенство. Во првиот натпревар од финалната серија вечерва во Струмица го победија велешки Борец со 3:0 (25:19, 25:18,25:21). Наредниот натпревар се игра в недела во Велес, а со победа на струмичките одбојкари и водство од 2:0 во […]

Во сабота свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

В сабота, на 22 април, Струмичката епархија при МПЦ-ОА организира свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница. Литијата ќе тргне во 10 часот од пред храмот на Св.Димитриј и Св.Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Претходно во петок, на 21 април, по завршувањето на вечерната […]

Колешинскиот водопад и Мокринските извори збогатени со нови содржини

Колешинскиот водопад сместен во срцето на планината Беласица, во рамки на активности на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој доби нови содржини, информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Поплочена е патека за искачување до водопадот, […]

Притвор за двајца осомничени за криумчарење на мигранти по вчерашното

Постапувајќи по кривичната пријава доставена од Министерството за внатрешни работи, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе предлог за определување на мерката притвор против лица, соопштија денеска од Јавното обвинителство.   Лицата се осомничени дека во текот на […]

Застрелан мигрант во Гевгелија откако криумчар се обидел да му

Денеска околу 06:20 часот во Гевгелија, кај Касарната, бил застрелан мигрант, откако еден од криумчарите физички го нападнал и се обидел да му го одзеде службениот пиштол на еден од полицајците. Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, од страна на полициски службеници биле забележани патничко моторно возило „мерцедес“,управувано од К. Ј. (26) […]

Струмичанец потешко повреден во сообраќајка кај Костурино

Синоќа во 19:40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, во близина на село Костурино, патничко моторно возило “пежо 508“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Струмица, излетало надвор од коловозот, информираа од МВР. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Бил извршен увид од […]

Во Радовиш се одржа Фолклорниот фестивал „Велигденски средби“

Од 15 до 17 овој месец во Радовиш се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“. Фестивалот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Фолклорниот ансмбл „Китка“. Во манастирскиот комплекс „Свeти Ѓоргија“, по осумнаесетти пат беше одржан меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“, а учествуваа вкупно 18 фолклорни ансамбли […]