Загина сопатник на трактор, возачот тешко повреден

Вчера во 11:00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на земјен шумски пат во атар на село Козбунар, радовишко, Л.К.(73) од село Штурово, радовишко, управувајќи трактор „имт“ со приколка, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираа денеска од МВР. Од здобиените повреди, сопатникот Ј.А.(73) од Радовиш починал на местото, […]

Пожарникарите извлекоа возило и возач по излетување од патот кај

-Попладнево околу 17 часот, во близина на село Костурино, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 5 пожарникари – спасители интервенираше на сообраќајна несреќа на извлекување возило кое излетало од од коловозот и се превртело, објавија струмичките пожарникари. -Благодарение на брзата интервенција возачот е извлечен од возилото со помош на специјални хидраулични алатки и […]

Костадинов: Струмица работи во интерес на младите

-Струмица работи во интерес на младите. Огромно беше задоволство да се биде активен учесник на денешната тркалезна маса „Поддршка на изборни реформи“,во рамките на проектот „Општина по мерка на младите“. Овој проект на Центарот за истражување и анализи „Новус“ опфаќа мониторинг на предизборното ветување за формирање Локален младински совет на општина Струмица. Беше тоа прекрасна […]

Распределени становите во социјалните згради во Гевгелија и Демир Капија

Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на социјалните згради во Гевгелија и Демир Капија. Право на учество на јавниот повик за распределба имаа деца без родители или родителска грижа, со навршени 18 години кои до исполнување на полнолетство биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална […]

Малолетничка силувана од двајца малолетници, им помагала 21 годишна струмичанка

Вчера полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко. Таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко, соопштија денеска од МВР. За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со […]

Струмичките пожарникари гасеа запалена сува трева кај Муртино

Денеска во 10:13 часот, во атарот на село Муртино, ТППЕ Струмица со 1 теренско против пожарно возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева. Пожарот е локализиран и ликвидиран веднаш по пристигнувањето.

Костадинов:струмичани го искористија во целост буџетот за субвенција за купување

-Почитувани сограѓани, мерките за поттикнување здрави животни навики се препознаени и резултираат со голем интерес. Со огромно задоволство сакам да споделам информација дека во рекордно време струмичани го искористија во целост планираниот буџет за субвенција при купување нов велосипед, кој оваа година беше зголемен во споредба со минатата. Со тоа се исполнети условите од јавниот […]

Првиот човек на хуманитарните Лајонси во Македонија

Претседателот на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови, Брајан Шихан допатува во Македонија за одбележување 25 години дејствување на оваа светска хуманитарна организација во нашата земја. Во дводневната посета, Шихан ќе оствари средба со лајонсите, со гувернерот на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, Гоце Бурзевски, со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и ќе учествува […]

Се проширува и уредува патеката за планински велосипедизам во Општина

-Со проектот за проширување на велосипедската патека во општина Дојран, долж фронтовата линија од Прва светска војна, финансиран од Југоисточниот плански регион, Општина Дојран наскоро ќе се најде на мапата на љубителите на off road велосипедизмот или популарно наречениот mountain bike (планински велосипедизам), објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Во рамки на овој проект се […]

РАСТ НА КОМПАНИЈАТА ГАЛЕНИКА И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА БИЗНИСОТ

Комерцијална ПР објава Откако стана дел од бразилската NC Групација, Галеника забележа значителен деловен раст и меѓународна експанзија. Во периодот од 2018 до крајот на 2022 година, Галеника го удвои обемот на продажба и извоз, го зголеми производството за 22%, го прошири портфолиото и регистрира дури 146 производи. Со поддршка на NC Групацијата, во чиј […]