Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на театарот

Почитувани членови на Струмичкиот театар „Антон Панов“, Ако се знае дека театарот е една од најстарите и највозвишените уметности што ги смислил креативниот човечки ум, тогаш останете возвишени и Вие во Вашата уметничка мисија.Бидете и верни на божицата Талија и горди на Вашите „штици што живот значат“, за да останат горди со Вас и сите […]

Претпладнево струмичанец возел со 2,34 промили алкохол

Денеска околу 09:50 часот на регионален пат Струмица-село Банско, поточно во село Куклиш, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица запреле патничко возило “голф” со струмички регистерски ознаки, управувано од 48 годишен стумичанец, соопштија од СВР Струмица. При контрола над возачот извршена со алкомер “дрегер”, било утврдено дека возилото го управува со 2,34 промили […]

Утре еко акција „Чисти ридови за сите“

На 26 март 2023 година, со почеток во 10:00 часот еко акцијата „Чисти ридови за сите“ – повторно ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Во истата се вклучени и поддршка ќе дадат сите Општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци. Комуналните претпријатија на Општините ќе им помогнат […]

Загина тракторист во Сачево

Денеска околу 12 часот во струмичката полиција било пријавено дека 69-годишен жител на селото Сачево загинал управувајќи го својот трактор. Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која додаде дека повеќе детали за трагедијата ќе има подоцна. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица, екипа на полицијата, а смртта […]

Струмица Никоб го освои по деветти пат македонскиот одбојкарски куп

Одбојкарите на Струмица Никоб се победници на македонскиот одбојкарски куп. Тие денеска во финалето на завршниот турнир, кој се одржува во Радовиш во Салата „25-ти мај“, ја совладаа екипата на ГОК „Борец“ со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18). Ова е деветта куп титула за струмичани, а шеста по ред, односно во клупските витрини го запишаа 18-от […]

СВР Струмица со кампања „МВР за граѓаните – заедница, доверба

Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица денес започна со реализирањето на кампањата „МВР за граѓаните –  заедница, доверба и одговорност“. Во рамките на кампањата денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните […]

Полициски билтен:пронајдена марихуана, малолетници физички нападнати во Банско

Денеска (24.03.2023), полициски службеници од СВР Струмица, со наредба од Основен суд Струмица, извршиле претрес во домот и други простории кај лицето Н.А.(34) од Струмица. При претресот била пронајдена и одземена марихуана.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.03.2023 во 21.00 часот во Полициската […]

„НОВУС“ учествуваше на работилница во Белград

Центарот за истражувања и анализи НОВУС имаше можност да учествува на дводневна работилница, која е дел од проектот за „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ која се одржа во Белград, Србија од 20 до 22 март. -Беше неверојатно искуство да се биде меѓу посветени новинари и невладините организации кои работат на промовирање на слободата на […]

Полициски билтен:пронајдена дрога во Струмица и украдени предмети во Старо

На 21.03.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода A.С.(43) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени опиум, екстази и амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 22.03.2023 во […]

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за

1. Опис на јавниот повик 1.1. Општина Струмица, со цел да ги стимулира жителите на Градот и населените места за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 21.03.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 28.04.2023 година, ќе им надомести […]