Педесет и две социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочаврски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓорѓијев, како претставници од Центарот за социјални работи од Гевгелија, денеска извршија увид во изградената зграда за социјално ранливи семејства во Гевгелија. При посетата, министерот Бочварски истакна дека од утре сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите […]

Пожарникарите вечерва гаснеа оган на браната Водоча

Вечерва во 20:00 часот, на браната Водоча, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева и грмушки. Пожарот е локализиран и ликвидиран за околу еден час по пристигнувањето на местото.

Беџови „Херои“ од ученици за струмичките пожарникари-спасители

-Денес гости ни беа децата од второ Б одделение од ОУ „Видое Подгорец“. За време на посетата се сретнаа со пожарникарите-спасители кои беа во спасувачката мисија во Р.Турција, при што на сите пожарникари-спасители им беше доделен беџ ХЕРОИ, изработени од нивна страна.Им благодараме за нивната посета, објавија денеска на нивната фејсбук страница струмичките пожарникари.

Жител на Василево загина во сообраќајка откако претходно му се

Вчера во 07:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Василево, струмичко, Г.Ц.(64) од село Василево, управувајќи товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во ограда, соопштија денеска од СВР Струмица. Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт кај возачот, кому му […]

Градоначалникот Костадинов ги пречека пожарникарите-спасители кои се вратија од Турција

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, синоќа по полноќ ги пречека осумте пожарникари кои се вратија од спасувачка мисија од катастрофалниот земјотрес во Турција. -Добредојдовте херои на Струмица!Вечерва после полноќ со огромно чувство на одговорност, но во исто време и неизмерна гордост ги пречекав струмичките пожарникари кои беа во спасувачка мисија во Турција.Во мое име и […]

Утрешниот ден Владата го прогласи за ден на жалост за

Владата донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Северна Македонија. Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година. […]

Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија, соопштија денеска од Владата. За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога. За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити. За министер кој […]

Уапсени четири лица, при претреси кај нив пронајдена дрога

На 09.02 и 10.02.2023 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.З. (32) од село Муртино, струмичко, В.К. (37) од Струмица, М.К. (20) од Радовиш и К.М. (25) од село Пирава, валандовско, соопштија денеска од СВР Стру  При претреси, по претходно издадени судски наредби, во нивни домови со помошни простории, еден деловен објект […]

На Богородица цариниците открија 200 боци фреон

-Царинските службеници на царинска испостава Богородица вчера на излез од државава при контрола на автобус открија 200 парчиња боци, од кои 100 боци од 9,8 кг фреон R404A и 100 боци од 13,6 кг фреон R134a со вкупна вредност од два милиони денари, соопштија денеска од Царинската управа. Стоката и автобусот се привремено одземени, а […]

Училиштата во Струмица и до 80 отсто ги намалија давачките

Трите средни и десетте основни општински училишта во Струмица ги покажаа првите позитивни резултати по склучените договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба, по цена од 95 евра за мегаватчас. Договорите се склучени согласно одлуката на Владата за преземање мерки во услови на енергетска криза, соопштија денеска од Општината. Првите анализи се направени […]