ЈПКД „Комуналец“: пазарен ден в четврток заради божиќните празници

ПКД „ Комуналец„ Струмица ги известува сите граѓани дека поради неработните денови за претстојниот празник Божиќ, четврток 5 јануари ќе биде пазарен ден. Пазарите „Чешел„ и „Кантон„ како и Трговскиот центар „Глобал„ нема да работат петок 6 јануари и сабота 7 Јануари. Воедно на сите граѓани од Православна вероисповед им поскуваме во здравје и благосостојба […]

Пешак потешко повреден во Богданци во новогодишната ноќ

На 01.01.2023 во 01.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Дојранска“ во Богданци со тешки телесни повреди бил пронајден М.М.(40) од Богданци, кој бил пренесен во Општа болница Гевгелија за укажување лекарска помош, соопштија денеска од МВР. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија. Во 03.20 […]

Првиот снег во Струмица ќе паѓа на 9 јануари

Првиот снег во Струмица ќе паѓа во ноќта меѓу 8 и 9 јануари. Според прогнозата на сајтот Foreca.com: Weather снегот кој ќе паѓа во Струмичко ќе биде засилен со северен ветер, но заради повисоките дневни температури не се очекува да се задржи и да предизвика посериозни проблеми. Повеќе на: https://www.foreca.com/100785380/Strumica-Macedonia/hourly?day=8

Костадинов: Струмица добива затворен базен!

Струмица добива затворен базен! За крај како градоначалник од збор, сакам да ја заокружиме годината со уште еден проект.Вчера е објавена јавната набавка за изградба на затворен базен во Струмица, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Мои струмичани од градот и од населените места, нека ви е со среќа уште еден значаен капитален проект.2022 […]

Костадинов со поклон до земја за својот тим

-2022 ја завршуваме со огромни успеси.Успехот не е само мој туку е комплетно споделен со сите луѓе во општината, најмногу со граѓаните.Но, се е полесно кога го имаш најдобриот тим на светот, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Поклон до земја до сите вас драги луѓе, наредната година нека ни биде уште повеќе успешна, напиша […]

Полициски билтен: физички напади во Радовиш и Старо Балдовци

На 29.12.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Радовиш, Н.Г.(55) од Радовиш пријавила дека околу 21.00 часот во Радовиш била физички нападната од И.Д. од Радовиш. Истиот ден во 23.30 часот О.Д. (32) од Радовиш пријавила дека во Радовиш била нападната од Н.Г.(55) и В.Г., двајцата од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случаите. На 29.12.2022 во 20.55 часот […]

Пронајдени 5.624 парчиња пиротехнички средства при претреси во Радовиш и

Вчера во 14:15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од  Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства, соопштија денеска од СВР Струмица. Истиот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата […]

Признание за Зоран Заев за исклучителен придонес за развој и

Во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на која беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година,  Директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Зоран Заев,  доби специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот од Олимпискиот Комитет на Северна Македонија. По […]

Донација за струмичката болница од Фондацијата „Заев-едно општество за сите“

-Еден од најважните фундаменти врз кој почиваат  постоењето и дејствувањето на  Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ е и унапредувањето на јавното здравје. Како дел од активностите за  доследно исполнување на зацртаните цели и стремежи во оваа област,  нашата Фондација изврши донација на апарат за дијагностика од областа на урологијата, за ЈЗУ „Општа болница“ […]

Полициски билтен:физички напади, одземени марихуана и таблети

На 28.12.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Б.Д.(30) и Џ.Д.(34), двајцата од Радовиш, затоа што кај нив биле пронајдени и одземение марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. На 28.12.2022 во 21.05 часот во Полициската […]