Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Укажуваме дека слободата на говор подразбира одговорност и постоење на висока […]
Царинските службеници од царинската испостава Богородица на излез од државата открија и запленија 5,6 кг наркотична дрога марихуан, сокриена во резервната гума од автомобилот со македонски регистарски таблички, информираа денеска од Царинската управа. Дрогата и возилото се привремено задржани, а од страна на инспекторите од Одделение за истраги од Царинската управа е спроведена истрага, по […]
Пожарот кој околу пладне избувна во атарот на населбата Софилар, а чадот и пепелта се почувствуваа во градот, е ставен под контрола, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -И покрај ветерот, брзата интервенција на пожарникарите не дозволи негово проширување.Да бидеме спокојни, пожарот е локализиран, а состојбата и понатаму ја контролираат нашите пожарникари.Голема благодарност до ТППЕ […]
На 19.02.2023 во периодот од 10.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 197 пречекорување на брзината, од кои 81 на подрачје на Струмица, 50 на подрачје на Радовиш, 37 на подрачје на Гевгелија и 29 на подрачје на Валандово. 122 прекршувања […]
Карневалските маски „Пчелин рај“ на ООУ „Видое Подгорец“ и „Годишни времиња“ на ООУ „Сандо Масев“ денеска учествува на Големиот меѓународен карневал што се одржа во Риека, Хрватска. Младите карневалисти од нашиот град учествуваа во поворката во која имаше над сто карневалски групи и околу 9.000 учесници од повеќе земји. Настапот на нашите кернавалисти можете да […]
Вчера во 15:40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(38) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица. Тој се сомничи дека околу 15:00 часот одзел паричник, во кој имало пари и други лични предмети, од женска чанта во козметичко студио во Струмица. Кај него биле пронајдени […]
Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, брендот „Мамас“ и компанијата „Тотал Инжинеринг“, испратија хуманитарна помош за турскиот народ наменета за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес. Станува збор за 22 тони разновидна конзервирана храна, која, со обезбеден донаторски транспорт (камион-шлепер) од „Сакаов транс“ – Струмица, е испратена до градот Едрене, од каде ќе […]
77 години Здружение на новинарите на Македонија ЗНМ и ССНМ ги повикуваат сите медиумски професионалци на протестен марш во петок (17.02) кој ќе почне од Владата на РСМ до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои […]
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочаврски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓорѓијев, како претставници од Центарот за социјални работи од Гевгелија, денеска извршија увид во изградената зграда за социјално ранливи семејства во Гевгелија. При посетата, министерот Бочварски истакна дека од утре сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите […]
Вечерва во 20:00 часот, на браната Водоча, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева и грмушки. Пожарот е локализиран и ликвидиран за околу еден час по пристигнувањето на местото.