Двократните светски шампиони во CS:GO на средба со претседателот Пендаровски

Светското Првенство во Еспорт кое се одржа во Бали, Индонезија забележа огромен успех, поставувајќи нови рекорди по број на држави учеснички, одиграни натпревари и награден фонд од 500.000 американски долари. Далечното патување, топлата клима како и невообичаените услови во кои самото првенство беше одржано, не ги спречи Македонските репрезентативци да ја оправдаат улогата на фаворити. […]

Ќе се реконструира локалниот пат од крстосница со пат кон

-Пред една година ветив асфалтирање на локалниот пат од крстосница со пат кон Брана Турија до центар во с.Доброшинци кој е навистина во катастрофална состојба.  Од прв ден работиме посветено и фокусирано на решавање на децениски проблеми на нашите сожители. Од првиот ден кога станав градоначалник активно работиме на проектот за реконструкција на патниот правец […]

Полициски билтен: физички напад во Тополница, Радовишко

На 25.12.2022 во 22:15 часот во Полициската станица Радовиш, Б.У.(27) од село Тополница, радовишко, пријавил дека околу 20.00 часот во село Тополница бил физички нападнат од К.У., Џ.К. и Е.А., сите од село Тополница, соопштија денеска од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Католичкиот Божиќ

На сите верници – христијани од католичка вероисповед кои денес го слават Божиќ, од длабочината на моето срце им го честитам денот на Раѓањето Христово, со желба празнувањето да го поминат во семејна радост, среќа и благосостојба. Нека биде благословено радувањето и празнувањето на овој голем христијански празник. ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ БОЖИК.

Стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг

Владата на Република Северна Македонија, согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица […]

Приведени три лица од струмичко за пустошење на шума, кај

На 23.12.2022 во 14.00 часот  на место викано „Варница“, во атар на село Варварица, струмичко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.С.(22), С.С.(43) и З.С.(43), сите од село Баница, струмичко, соопштија од МВР. Лицата биле затекнати како со повеќе запрежни возила превезуваат вкупно 25 метри кубни бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни […]

Видео Костадинов:Почна изградбата на Младинскиот центар во Струмица

-Наместо службено возило за мене, младите ќе добијат нов мултифункционален простор за нивните потреби!Така работиме во Струмица.Ветено – сторено.Струмица ќе има Младински центар. Модерен и направен по современи стандарди, како што им доликува на младите во Струмица и на нивната прогресивна и европска визија, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Ќе биде сместен во сутеренот […]

Двајца жители на Сарај два пати физички се пресметувале

На 22.12.2022 во 13:00 часот во Полициската станица Струмица, К.Ѓ.(34) од село Сарај, Струмичко, пријавил дека околу 11.30 часот на нива во атар на село Сарај бил физички нападнат од З.Ѓ.(51) од с.Сарај, соопштија денеска од СВР Струмица. Истиот ден, во 14.35 часот во Полициската станица Струмица З.Ѓ. од село Сарај пријавил дека околу 12.00 […]

Полициски билтен: физички напад во село Долно Липовиќ

Вчера во 01:50 часот во Полициската станица Радовиш, К.Н.(34) од село Долни Липовиќ, општина Конче, пријавил дека околу 00:40 часот во село Долни Липовиќ бил физички нападнат од С.Н.(51) од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Струмица ќе се збратимува со бугарскиот Крџали

Европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук денеска престојуваше во работна посета на општина Струмица и ја предводеше повеќечлената делегација од соседна Бугарија во која беа и градоначалникот и претседателот Советот на општина Крџали и нивните заменици, како и советници од општините Благоевград и Хаџидимово. На средбата со градоначалникот Костадин Костадинов, […]