Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов денеска на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Почитувани сограѓани, драги пријатели, Денеска добив позитивен резултат на тест за Covid-19. Согласно правилата и насоките Ве известувам дека во наредните неколку денови нема да бидам во можност да остваруваме средби.Инаку, се чувствувам добро, без особени симптоми […]
Во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 918• Битола – 198• Прилеп – 98• Куманово – 65• Кавадарци – 55• Охрид – 49• Штип – 42• Гевгелија и Радовиш – по 33• Струмица – 30• Велес – 28• Тетово, Кичево и Крушево – […]
Министерството за економија го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година. Како што информираше министерот Бектеши, за оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари.Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за […]
Со буџетски средства овозможуваме поддршка на Старт-ап бизниси за 20 млади невработени лица од Општина Струмица во процесот на зајакнување на нивните капцитети заради започнување на свои сопствени бизниси во 2022 година, објави градоначалникот, Костадин Костадинов. Од вкупниот број пријавени млади невработени лица на Јавниот повик, 20 избрани кандидати ќе бидат вклучени во процесот од […]
Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15%) и голем број таленти во компјутерските науки, Скопје е најразумниот избор за отворање на наш Центар. Исто така, верувам дека на културен план има голема компатибилност и мултикултурно збогатување што нашите нови колеги ќе ги донесат […]
Во 02:20 часот по полноќ полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода С.У.(42) од Валандово, кој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ на подрачјето на Валандово. Притоа од него биле одземени предмети кои потекнуваат од стореното кривично дело. Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по […]
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес изврши увид во текот на градежните активности на Домот на културата во Василево, кои после подолг прекин продолжија. -После подолг временески период на стагнација, продолжија градежните активности на реконструкција, адаптација и санација на Домот на културата во населеното место Василево. Реализацијата на овој проект, со оглед на неговото […]
Во последните 24 часа направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 549• Битола – 49• Куманово – 40• Кавадарци – 25• Охрид – 20• Струмица – 17• Прилеп – 16• Штип – 11• Струга – 10• Гостивар и Велес – по 9• Гевгелија – 7• Кочани – […]
ОПШТИНА СТРУМИЦА Врз основа на Програмата V2 – Програма за социјална заштита и заштита на децата на Општина Струмица за 2022 година („Службен гласник на Општина Струмица“ бр.27/21), се објавува: Ј А В Е Н П О В И К завремен ангажман на 16 (шеснаесет) евидентирани невработени лица за вклучување во Проект „Лични асистенти […]
Сите вработени во Џонсон Мети во Македонија отсега ќе добиваат приватно здравствено осигурување. Компанијата обезбеди здравствени придобивки од Триглав осигурување за сите вработени, бидејќи нивното здравјето е приоритет. „Нашата посветеност за вработените ја покажуваме на дело со воведување нова придобивка – приватно здравствено осигурување. Во соработка со Триглав осигурување, вработените ги добиваат сите поволности од […]