Денеска полициски службеници од ОВР Гевгелија – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода С.Г.(44) од село Богородица, гевгелиско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 228 семки од растението канабис и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска […]
Денес ОО на СЗБ од НОБ и граганите подржувачи од Струмица му доделија благодарница на Јован Величковски за неговото учество како Командант на 2 Батаљон на 4 МНО Бригада во ослободување на Струмица. Величковски е на возраст од 99 години и еден од најстарите преживеани борци. На скромната свеченост која беше организирана во седиштето на […]
Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“-Струмица продолжи со реализирање на проектот „Со медиумска писменост до борба против говор на омраза“, во средните општински училишта. Вчера проектот, кој е финансиран од Општина Струмица, преку интерактивен пристап беше промовиран пред ученици од четврта година во СОУ „Димитар Влахов“ на час по македонски јазик и литература, каде заедно […]
Средношколците од текстилната струка при СОУ „Никола Карев“ донираа постелнина во празнични дезени што ја изработувале на часовите по практична настава, наменета за дечињата на одделот за педијатрија во струмичката болница. -Ова е трета донација и од се срце им благодариме на учениците , директорот и нивните ментори, за тоа што ќе пренесат дел од […]
Вечерва од 19:30 часот на магистралниот пат А-4, Струмица-ГП Ново Село, заради опожарено патничко моторно возило на патот, сообраќајот е во целосен прекин, информираа од АМСМ. Според информации од СВР Струмица автомобилот се запалил во движење во 19:16 часот, а по гаснењето од страна на струмичките пожарникари сообраќајот повторно е нормализиран во 20:10 часот. Во […]
Денеска потпишав договор за грант од Европската Унија со вредност од 749.210,70 евра односно 46.063.500 денари.Тригодишен проект кој Струмица ќе го направи Паметен Вело Град, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Следуваат уште многу проекти од странски извори на финансирање, а со цел подобрување на секојдневието на граѓаните.Моите зборови не се само празни ветувања, напиша […]
Општинската организација на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина денеска организираше граѓанска крводарителска акција. Акцијата се одржа во просториите на Службата за Трансфузиона медицина од 09:00 до 14 часот. И покрај состојбата со вирусот Ковид -19, акцијата беше успешно реализирана, а крв даруваа 22 крводарители.
Во последните 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 165• Прилеп – 26• Охрид –18• Кавадарци – 16• Битола – 11• Велес – 10• Куманово – 8• Струмица – 7• Тетово и Ресен – по 6• Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5• Кичево и […]
Општина Ново Село апелира до граѓаните да возат внимателно на патиштата во општината, бидејќи на терен на одредени локации се врши подготовка за санирање и асфалтирање на ударни дупки и истите ќе бидат асфалтирани до сабота, 25 декември, а понатаму следува санација и во останатите населени места.
Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, беше домаќин на амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин. Општина Струмица и Амбасадата на Руската федерација негуваат долги пријателски односи, а од 2013 година, Струмица е збратимена со градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација и воспоставена соработка во повеќе области. На средбата се разговараше за […]