fbpx

Борецот од НОВ Јован Величковски го прослави 100 роденден

 Борецот од НОВ Јован Величковски го прослави 100 роденден

Еден од најстарите преживеани борци од НОБ и антифашистичката војна, Јован Величковски денеска го прослави својот 100 роденден.

Дедо Јован со внукот Ванчо

Тој од 100 роденден им порача на младите генерации да бидат  сплотени  и обединети да одат напред, за прогрес на државата и животот во неа, оти ако тие не биле сплотени во нивно време немаше да извојуваат победа, ниту ќе имавме држава.

Величковски пред десетина денови доби благодарница од Општинската организација на СЗБ од НОБ и граганите подржувачи од Струмица за неговото учество како командант на Вториот Баталјон на Четвртата МНО Бригада во ослободувањето на Струмица.

Share via
Copy link