Во фоајето на Центарот за култура ,,Антон Панов” вечерва беше отворена Меѓународната струмичка ликовна колонија која како најстара колонија во континуитет во Македонија, па и надвор од неа, го прославува своето јубилејно 60-то издание. Колонијата ја отвори Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица. -Сакам во оваа прилика, од мое лично име и од […]
ВИА „Распеани струмичани“ ја добија наградата за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра на 53. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ што се одржа во Битола од 19 до 31 јули. На вечерта на староградска музика и игра што се одржа на 28 јули нашите „Распеани струмичани“ беа најуспешни во […]
Од 4 до 8 август, во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм. Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ […]
На 19-тиот меѓународен карневал во Врњачка Бања, Србија, чија интернационална поворка на 15.07.2023 година ја сочинуваа над 30 странски и домашни карневалски групи, учествуваа и двете карневалски групи, претставници на Струмичкиот карнeвал: СОУ” Јане Сандански” со маската Тик-Так”, и ООУ” Видое Подгорец” со маската „Струмичка корида “. Нивниот настап пред многубројната публика беше еден од […]
Градоначалникот Костадин Костадинов на својата фејсбук страница сподели дека се обезбедени средства за изградба на Домот на култура во Куклиш втора фаза. „5.700.000 денари благодарение на соработката помеѓу општина Струмица и министерството за култура и министерката Бисера Стојчевска Костадиновска и 3.300.000 денари од буџетот на општина Струмица.“, сподели Костадинов.
Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на промоцијата на втората книга од Монографијата „Цареви Кули- Струмица“ (од Римското Царство до доцен среден век) од археологот и долгогодишен истражувач на локалитетот „Цареви Кули“, Зоран Рујак, која се одржа во Амфитеатарот, во Градскиот парк. Оваа книга, во издание на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј […]
Два настани вечерва во рамки на СОФ2023: – Промоција на Монографијата Цареви Кули Струмица, книга II на археологот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, м-р Зоран Рујак. Локација:Амфитеатар, Струмица. Време: :19:30 часот. Промотер д-р Митко Б.Панов од Институт за национална историја – Афористичко-сатирични вибрации и вечер на поезија. Започнуваме со афоризам и сатира од веќе докажаните афористичари Јане […]
Ви го најавуваме вечерашниот настан од програмата на СОФ2023 – Македонски шлагери со „РЕТРОМАНИА“. Време:20:00 часот. Локација: Мал градски парк, Струмица, соопштија од Струмица опен фестивал. Македонски шлагери, песни со душа и емоции кои ни овозможуваат пријатно патување низ времето. Да уживаме во перформансите на Ретроманиа кои македонските песни секогаш ќе ни ги пренесат на уникатен начин […]
Утре, 23 ти јуни (петок) – BOOK CLUB на отворено во рамки на СОФ2023. Време: 19:00 часот.Локација: градски парк Струмица. За сите љубители на пишаниот збор и природата. Во една опуштена и пријатна атмосфера ќе се запознаеме со „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел.„Сите луѓе и животни се еднакви но, некои се поеднакви од другите“ ќе […]
На 21-виот меѓународен карневал во Панчево, Србија, кој се оддржа од 16-ти до 18-ти јуни 2023 година, меѓу 30тина групи, свое место имаа и двете струмички карневалски групи: ООУ “Видое Подгорец” Струмица со карневалската маска ” Струмичка корида”, и СОУУД “Димитар Влахов” со карневалската маска”Струмички глуварчиња”. -Преку посебното претставување на странските групи, ден пред главната […]