Денеска во Валандово се одржа прес конференција за претстојното, 37 издание, на фестивалот за новосоздадена македонска фолк песна Фолк фест „Валандово 2024“. Фестивалот годинава ќе се одржи на 26 мај (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат изведени 20 новосоздадени фолк композиции, чиј редослед беше утврден преку жребување. На 24 и 25 мај, […]
КОНКУРС за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2024 година. Пропозиции: Наградата „Антево перо“ за 2024 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). Покрај наградата „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и […]
Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ вечерва со концерт и настап на фолклорните ансамбли „Бучим“ од Радовиш, „Пирински ритми“ од Петрич, Бугарија и „Љупчо Сантов„ од Оризари, кочанско, го одбележа јубилејот 5 години од постоењето и воедно го организираа вториот фестивал „Фолклорни алки“. -Народните ора и песни се наше богатство и гордост. Се дружиме, […]
Изминатиот викенд и денес во Струмица се одвиваат Тивериополските филмски денови на „Астерфест“, кои се своевидно загревање за овогодишното фестивалско издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, манифестација иницирана и востановена уште во 2005 година. Најпрвин, на Светскиот ден на културното наследство, на ТВ каналот ВИС беше прикажана реставрирана верзија на комичниот култен филм „Скитникот“ на […]
Оваа година струмичкиот театар одбележува 75 години постоење. Како дел од скромното чествување на овој јубилеј на 19 април (петок) се закажани:19:30 Изложба на театарски фотографии со наслов „75 години НТ „Антон Панов“ од Сречко Гунчев. (фоаје) и во 20:00 Премиера на претставата „ЦРНА ДУПКА“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски, сценографија на […]
Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија. „Почитувани сограѓани Роми, дозволете ми да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, и да ви посакам добро здравје, среќа и бериќет. Искажувајќи ја својата почит кон ромската етничка заедница како нераскинлив дел […]
Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“, како дел од неформалниот тековен концепт-проект #ЅидНаУметноста, оваа сабота, 6 април 2024 година во 21:00 часот ќе ја отворат изложбата на дела мал формат насловена „10во12“ на ликовниот уметник Костадин Батев. „Во овој избор насловен „10во12“ ќе видиме […]
Сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, ќе биде промовирана на 2 април (вторник), во 18 часот, пред книжарницата „Литература.мк“ во Струмица. Промотор на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а специјален гостин ќе биде фолклористот Иван Котев. Со […]
Почитувани членови на струмичкиот театар „Антон Панов“, Денес е ваш ден, ден во кој заедно со вашите колеги од целиот свет, го одбележувате 27 Март – Светскиот ден на театарот. Бидете горди на фактот дека зад вашата фела и зад овој Ден, стои Интернационалниот театарски институтот (ИТИ), кој е формиран во далечната1948 година од страна […]
Без притисоци и списоци, без телефонски повици и без сендвичи и комбиња! Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски пред полни сали ја тераат својата кампања “МОЖЕВМЕ” (мало сутра), за спас на Македонија! Префинет, политички, интелигентен хумор, по текст на маестро Божидар Божиновски. Перформанс кој наиде на одличен прием кај пребирливата публика. Испратени со овации и голема […]