fbpx

Полициски билтен: пожар во Штука, физички напад во Чанаклија

 Полициски билтен: пожар во Штука, физички напад во Чанаклија

Вчера во 19:00 часот во Полициско одделение Ново Село било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на  К.Д. (28) во село Штука, струмичко, при што биле опожарени делови од покуќнина. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а увид на местото извршиле екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица и  Инспектор од Дирекција за заштита и спасување.

На 29.12.2020 година во 01:45 часот во Полициска станица Струмица С.И. (47) од село Чанаклија пријавил дека на 28.12.2020 година во 20.30 часот во близина на неговиот дом бил физички нападнат од А.С.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link