„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пресуда за хеликоптерската несреќа кај Струмица во која загинаа четворица пилоти на МВР
Судскиот совет при Основниот суд во Струмица ги осуди обвинитетите Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ на условна казна од затвор од две години доколку делото не го повтори во наредните три години. Драгослав Радески, технички директор, е осуден на 18 месеци условна казна доколку делото не го повтори во наредните две години, а тогашната „Македонска радиодифузија„ сега ЈП „Национална радиодифузија“ е казнета со парична казна во износ од еден милион денари.
Пресудата ги товари првостепено осудените за тешки дела против општата сигурност по членови од Кривичниот закон, а казнетите се задолжени да ги платат судските трошоци и трошоците на оштетените.
На пресудата на Основниот суд во Струмица жалби најавија и Обвинителството и осудените.
Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година откако хеликоптерот удрил во антенски столб на тогашната „Македонската радиодифузија“. Во несреќата загинааа пилотите на МВР Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.