Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Претседателот Пендаровски потпиша наредба за ангажирање на Армијата за помош на државните институции
Врз основа на член 18 , став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армија на Република Северна Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, претседателот Пендароваски потпиш наредба Армијата да ангажира дел од силите и средствата како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот.
Согласно наредбата, Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема. Армијата ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини.