Екипата која е составена од сопствени играчи потпомогната од искусните Мите Караиванов и Александар Тренчевски, ќе ги бранат боите на својот клуб и град Струмица. На тимот се приклучи и Славе Јанковски играч на РК АСТРАИОНм кој доаѓа од РК ВАРДАР ЈУНИОР. Тренерското трио останува исто, Мики Пандев-Џексон, Пепи Пецанов, и Александар Пиличев-Лецето Младите ракометари […]
Одбојкарскиот клуб ЏИО Струмица продолжува со процесот на подмладување на тимот и грижа за најголемите македонски одбојкарски надежи. Средниот блокер Филип Савовски го потпиша првиот професионален договор со шампионскиот тим и со своите 206 сантиметри на 18 години претставува еден од најголемите македонски потенцијали за репрезентативната одбојкарска приказна. Савовски го следи патот на одбојкарскиот развој […]
Вчера околу 21:40 часот на регионалниот пат Струмица- село Дабиље, на влезот во селото, полициски службеници запреле патничко возило „алфа ромео 156“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(23) од с.Банско, струмичко. При преглед во возилото биле проинајдени 12 мигранти. За настанот бил известен Јавен обвинител, кој дал наредба возачот да биде лишен од слобода […]
Деветто издание на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал е во тек. Настаните се одвиваат според одобрените протоколи за одржување на настани на отворено. Во првата фестивалска недела се одржаа два аеробик тренинзи, рекреативно ноќно искачување до локалитетот Цареви кули и традиционаната вечер на афоризми. Програмата продолжува на ограничена локација во градскиот парк во недела, 16 август […]
Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица почнува со реализација на проектот „Силни и гласни млади – здрава и перспективна заедница“ којшто е во склоп на Проектот за младинско изразување којшто го спроведува Младински образовен форум , Младински совет Крушево и Љоја а е финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е зајакнување на […]
Шампионските титули не можат да се освојат без домашните играчи од одбојкарската школа на ОК ЏИО Струмица кои се главните столбови на сите успеси. Горан Грчев и Бојан Стојанов ги потпишаа првите професионални договори со кои и официјално стануваат засилувања на позициите среден блокер и плејмејкер во тимот, соопштија денес од клубот.
ПКД „ Комуналец „ Струмица им препорачува на сите свои корисници своите сметки да ги плаќат во 4-те наплатни центри на ЈПКД ,,Комуналец“ кои се наоѓаат воПоранешната зграда на ЈПКД „Комуналец“, Наплатен центар на старата чаршијаНаплатен Центар до Свети Петнаесет Тивериополски маченици, Наплатен Центар наспроти Техничкото училиште „Никола Карев“, Наплатниот Центар до Новата Управна зграда […]
Околу 100-тина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица – Цареви Кули. Најголемиот симбол на градот и годинава понуди незаборавна ѕвездена глетка. Велосипедистите се движеа по велосипедската патека, а останатите по трим патеката Св. Илија. Атмосферата ја дополни DJ Циге. Организатори на настанот беа Атлетскиот клуб „Беласица Ран“ и ЗКУ […]
Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, градинари и овоштари, добитници на опрема за воведување на современи агроеколошки мерки од третиот циклус на обуки, денес имаа можност да подигнат дел од опремата и тоа електрични ножици, меѓуредни фрези, тракторки фрези, атомизери и друго. Висината на еден грант изнесува 5.000 евра, а во […]