Потпишан договор помеѓу Општина Босилово и Амбасадата на Јапонија за донација на камион за собирање и транспорт на смет за општина Босилово. Денеска во посета на општина Босилово беше амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада. На средбата амбасадорот Савада и градоначалникот Ристо Манчев разговарашаа за можностите и перспективите за соработка на сите полиња од заеднички интерес. […]
Tags : Босилово
Вчера општина Босилово и ЈПКД”Огражден” Босилово работеа на расчистување на училишиот двор во село Еднокуќево и чистењето на депониите во истото село и село Босилово. Во наредните денови се продолжува со чистење и во другите населени места.
Градоначалникот на општина Босилово заедно со општинската администрација и дел од вработените во ЈПКД „Огражден“ – Босилово спроведоа акцијата за засадување на дрвца. Дрвца засадија и вработените и учениците од основните општински училишта во општината. Засадени се околу 600 дрвца на територијата на општина Босилово а исто така беше спроведена и еколошка акција со чистење […]
Во општина Босилово официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник.Од денеска во служба на граѓаните, сите заеднички ќе чекориме кон модерна и просперитетна општина Босилово!, објави новиот градоначалник на оваа општина по денешното примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник, Зоран Зимбаков. -Пред сите нас претстои многу работа, претстојат многу предизвици и обврски на кои што […]
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Василево, Босилово и Ново Село. Во Василево собирот е пред Општинскиот комитет во 18:30, во Босилово во 19:30 и во Ново Село во 20:30 часот.
Интегрален текст и видео од прес конференција Почитувани, Заедно, во наредните четири години, можеме да ја направиме општина Босилово, чиста, модерна, уредена и развиена европска општина. Имаме програма, која што e реална и остварлива и која нуди решенија за најголем дел од проблемите кои што ги мачат граѓаните на општина Босилово. Приоритет во нашата работа во наредните четири […]
Ристо Манчев по професија е дипломиран економист на Економскиот факултет во Прилеп. Во 2011 година стекнува Мастер Диплома за Високи Европски Студии на престижниот колеџ Fondazione Collegio Europeo di Parma, а во 2013 година стекнува титула – Магистер по Високи Европски Студии на Facolta di Giurisprodenza di Parma- Italia. Toj во изминатите години се афирмира […]
Почитувани граѓани, жителки и жители на Босилово, До мене е Зоран Зимбаков нашиот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на Босилово. Зимбаков е најдобрата понуда за вашата општина. Зимбаков во овие четири години покажа како се работи чесно, одговорно и посветено за своите сограѓани за својата општина, се докажа како успешен менаџер во водењето на […]
Почитувани граѓани, Денес официјално започнува кампањата за Локалните избори 2021 година. Локалните избори се едни од најважните избори затоа што преку нив непосредно и на локално ниво се имплементираат принципите на демократијата и слободата. Преку локалните избори, Вие граѓаните, директно одлучувате, во каква општина сакате да живеете и на кого ќе му дадете доверба да […]
Почитувани сограѓани, Денес и официјално започна изборната кампањата за претстојните локални избори, на кои СДСМ и Коалицијата влегуваат како апсолутни фаворити. Затоа уште еднаш сакам да потенцирам дека јас како кандидат за градоначалник ќе водам позитивна и фер кампања, со почитување на политичките противници, но и со силна верба во себе и во кандидатската листа […]