Почитувани сограѓани – верни поклоници на Христа, Време е да му се израдуваме на деветнаесеттиот ден од јануари, денот во кој го славиме Водици или Богојавление, еден од најголемите и најубавите христијански празници. По Бадник, Божик и Василица дојде денот со кој ги заокружуваме таканаречените „некрстени денови“ од циклусот – зимски празници. Денес со пиетет, […]
Tags : честитка
Денеска се празнува големиот христијански празник Свети Никола – Чудотворец, или кај народот познат како светец кој е заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, патниците, трговците, пекарите, аптекарите. Нека е за многу години празникот на сите семејства кои Свети Никола го имаат за куќна слава и нека е вечно името на сите што го […]
Денес, на глобално ниво се одбележува 20 Ноември – Светскиот ден на детето. Има многу нешта на овој свет кои можеме да ги наречеме „богастства“, но сите тие богатства имаат своја цена и „тежина“. Само детето е непроценливо богатство од кое поголемо нема. Најискрените и најчистите души го заслужуваат сето наше внимание, вниманието на заедницата […]
Почитувани градежници – неимари, Денес кога христијанскиот свет го слави името на еден од Дванаесетте големи апостоли – Свети апостол Тома, Вие останувате верни на убавата еснафска традиција да го одбележувате празникот на Вашиот патрон. Денешниот традиционален собир кој по 31 пат го организирате во манастирскиот храм Воведение на Пресвета Богородица Елеуса во Вељуса е […]
1 Октомври 1941година е Ден – будилник и Ден – бунтовник, 11 Октомври 1941година е Ден – непокор и Ден – македонско „НЕ“ за фашизмот, 11 Октомври 1941година е Ден – истрел за слободарски дострел, 11 Октомври 1941 е Датум за паметење и незаборав, 11 Октомври е Празник достоен за празнување и гордост. Честит и […]
Одбраната на независноста и територијалниот интегритет на татковината е еден од фундаменталните белези на македонската државност. Македонската армија е современиот гарант на нашата безбедност, стожерот и бедемот на нашата целовитост, креаторот на нашиот мир и чуварот на слободниот и мирен сон на граѓаните. Нашата армија е наша гордост, особено денес кога чекори рамо до рамо […]
Почитувани граѓани, 120 години од Илинденското востание и првата Република на Балканот. 79 години од Првото заседание на АСНОМ.Уште којзнае колку години претходно сонување и стремеж кон востаничка епопеја и државотворен чин. Два Илиндена – две огромни причини да бидеме среќни и неизмерно горди, но и исполнети со почит кон сите родољупци кои биле дел […]
Почитувани сограѓани од муслиманска вероисповед, Денес е Ваш ден. Денес е денот во кој започнува тридневното одбележување на вториот најголем исламски празник – Курбан Бајрам. Нека овој празник биде во знакот на традицијата, со која низ молитвата „Бајрам намаз“ ќе побарате милост од Вашиот Алах, и преку принесувањето жртва-курбан ќе го остварите Вашето приближување кон […]
Синоќа нашата струмичанка Славица Ангелова со најмногу гласови победи на музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“. Со одлични гласовни способности, но и огромна поддршка од публиката, годинава нашата струмичанка е победник во едно од најпознатите музички шоуа. Од се’ срце и го честитам овој успех на Славица, и и’ посакувам успех во кариерата понатаму! Фото: ФБ […]
-Хуманоста е доблест, подадена рака, несебичност, пожртвуваност и пример за човечност, во вистинската смисла на зборот, а без сомнение, најголем синоним за хуманоста е Црвениот крст и Црвената полумесечина. На оние со кои се гордееме – на вработените и волонтерите во Општинската организација на Црвен крст – Струмица, им посакувам понатамошен успех во нивната благородна […]