Вкупно се аплицирани 244.518 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани, соопштија од Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 9.561 граѓани. Сите граѓани кои сакаат да искажат интерес за вакцинација, да се пријавуваат на www.vakcinacija.mk.
-Притисокот врз болниците е многу намален. Благодарност до здравствените работници кои во текот на целиот овој период посветено и неуморно го издржаа притисокот со кој беа соочени. Граѓаните нема да ја заборават вашата храброст, напиша министерот за здравство, Венко Филипче. -Денеска е затворен делот на интерните клиники – Одделенијата на дерматовенерологија и неврологија, коишто за […]
Министерството за Надворешни Работи на Македонија, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ земјата. За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Македонија во Тел Авив на мобилен +972549096965 или некој […]
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, соопштуваат од Министерство за здравство. Од таму истакнаа дека продолжува масовната вакцинација со донацијата од 100.000 вакцини „Синофарм“ која пристигна денес. Вкупно аплицирани дози за еден ден: 13.482 Вкупно аплицирани дози: 189.842 Вакцинирани со две дози: 26.415 Пријавени за вакцинација: 346.431 Граѓаните за вакцинација можат да […]
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени. Во Скопје, облачно и посвежо […]
Сто илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат денеска во државава, како донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина. Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на […]
Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, информираше министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил. „Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години“, напиша тој нагласувајќи дека количините постојано се надополнуваат, а граѓаните можат да се пријават на vakcinacija.mk
Министерството за надворешни работи информира дека грчката Влада донесе нова заедничка министерска одлука со која од денеска се укинуваат мерките за ограничување на копнените, воздушните и водните врски со трети држави, вклучително и државјани на Република Северна Македонија. Од денеска до 24 мај се дозволува влез во земјата под неколку услови. Сите патници кои влегуваат […]
Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Во продолжение е интегралниот текст на известувањето: Почитуван г. Џафери, Врз основа на член 75, став 1 од Уставот на Република Северна […]
Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку ГП ,,Евзони“, соопштија пред малку од МВР. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика […]