Екипата на Брера Струмица продолжува да се засилува во летниот период, со цел да формира квалитетен тим со кој би го нападнала врвот од македонската елита. Последен од низата потписи е тој со бразилскиот интернационалец, Леонардо Антонио. Станува збор за 26-годишен фудбалер од средниот ред со повеќе од солидно искуство. Тој во последните четири сезони […]
21 годишниот Ѓеоргије Јанкулов кој игра на десната бековска позиција како и 18 годишниот Мартин Ѓоргиевски остануваат во нашиот тим до јуни 2026 година. Двајцата првотимци ги продолжија договорите за уште три сезони заклучно со 14 јуни 2026 години. Станува збор за двајца млади фудбалери кои одлично се вклопија во нашиот клуб и прва екипа. […]
Струмичанецот и македонски репрезентативец Љупче Дориев и официјално промовиран во узбекистанскиот прволигаш Согдиана од Јизах. По завршувањето на соработката со Шкендија, 27-годишниот крилен офанзивец официјално стави потпис на договорот со Согдиана каде ќе заработува 300.000 евра годишна плата, плус бонуси. Претходно во својата кариера Дориев настапуваше за екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев пред […]
Со промоција на новиот стручен штаб, сениорски состав на АП Брера Струмица ги почна подготовките за новата првенствена сезона. Тимот ќе го предводи Џовано Валенти кој денеска ја имаше и првата прозивка и тренинг со фудбалерите на „Брера Струмица“ на комплексот СРЦ „Пандев“, соопштѕија денеска од клубот. Станува збор 47 годишен тренер кој дојде од […]
По купувањето на 90 одсто од акциите на ФК„ Академија Пандев“ АД од страна на „Брера Холдинг ПЛЦ“ , ја информираме јавноста дека нашиот клуб од денес се ребрендира како ФК „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА“ АД, информираа денеска од Клубот. Преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земајва, откако во Собранието на клубот […]
Денеска на иницијатива на новиот претседател на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица, Леонид Танчев се одржа средба со пензионираните наставници-професори по физичко и здравствено образование од основните и средни училишта во Струмичкиот регион, информираа од Федерацијата на училишен спорт. На средбата тие биле информирани за активностите на ОСУС во изминатата година. Дружењето помина […]
Денеска во спортските сали и терени во Дојран, Богданци и Валандово почнаа малите олимписки игри за учениците од основните училишта. Денеска и утре ќе се натпреваруваат 500 ученици од 40 училишта во пет спортски игри-кошарка, ракомет, одбојка, фустал и фудбал во машка и женска конкуренција. Игрите за отворени во спортската сала „Млаз“ во Богданци ги […]
Пионерскиот тим на ОК Струмица Никоб денеска во финалниот натпревар против Весна од Пробиштип со победа од 3:2 го подигна шампионскиот пехар и се закити со златни медали. Фото: фејсбук
-Колку е убаво да се дружиш со шампиони. Всушност, не е убаво, прекрасно е.Денес го имав задоволството да имам средба со одбојкарите и членовите на стручниот штаб на Одбојкарскиот клуб „Струмица“, кои пред неколку дена, повеќе од заслужено, се закитија со уште една шампионска титула во најелитното македонско одбојкарско друштво, објави градоначалникот Костадинов. -Уште една […]
Одбојкарите на Струмица Никоб вечерва во салата „Парк“ ја освоија десеттата шампионска титула. Во третиот натпревар од финалната серија го совладаа ГОК „Борец“ од Велес со 3:0 (25:18, 26:24 и 25:19) и во клубските витрини го донесоа вкупно 19 освоениот трофеј, десет пати шампион и 9 пати освојувачи на купот. Во претходните два натпревари од […]