Вчера се одржа шестата седница на Локалниот совет за превенција. Покрај дивите продавачи на јавните површини и проблемите на улицата „Антон Панов“, следен предизвик за членовите на Советот ќе биде решавањето на проблемот со кучињата скитници.
Струмичката православна епархија организира свечена литија на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница.По тој повод на 29.4.2022 година (петок) после вечерната служба во манастирот „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“, светата икона ќе биде пренесена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ во Струмица. Наредниот ден, 30.4.2022 година (сабота) по Светата божествена литургија во црквата „Свети Димитриј и […]
Со пригодна свеченост денеска беше одбележан патрониот празник на Средното општинско училиште „Никола Карев“. На одбележувањето покрај професори и ученици присуствуваа и претставници на општина Струмица и повеќе гости – пријатели на училиштето. По положувањето на свежо цвеќе пред спомен бистата на Никола Карев, настапија членови на драмската секција и училишниот бенд.
-Ја прашувам ЕУ, од мојата европска Струмица која се граничи со Грција и со Бугарија. Дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини, е механизам со кој се развива европската идеја? Ако не е, а знам дека не е, тогаш променете го […]
По повод започнувањето на Велигденските празнувања, во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ денеска се одржа Велигденски хепенинг на којшто присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов. На хепенингот учениците од основните училишта создаваа уметнички слики со разновиден материјал, а настанот беше отворен и за родителите и за сите граѓани кои сакаа првиот празничен ден да […]
-Учениците и вработените во средното општинско училиште „Јане Сандански“ денеска го празнуваат патрониот празник.Присуствував на одбележувањето, положив цвеќе пред спомен бистата, се напивме кафе со професорите и лично им го честитав празникот посакувајќи им многу успех во воспитно – образовниот процес и надвор од него, на натпревари и манифестации, потврдувајќи ја долгата успешна традиција во […]
Интегрално обраќање на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов -Почитувани вработени во предучилишното, основното и средното образование од општина Струмица,Децата се нашето најголемо богатство, тие се нашата иднина. Влогот во нивниот развој и нивното образование е најдоброто нешто што можат да го направат и родителите и воспитно – образовниот кадар во градинките и училиштата. За жал […]
Како транспарентна и отчетна Општина ја информирам јавноста дека до 18 овој месец по Јавниот повик за субвенционирање на купување велосипеди во 2022 година се поднесени вкупно 139 барања или од вкупниот буџет од 800 илјади денари за оваа намена потрошени се 497.325 денари, објави градоначалникот Костадин Костадинов. -Ги повикувам граѓаните да го искористат ова […]
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска имаше средба со ученици и нивните професори од училишта од Португалија, Шпанија, Турција, Полска и Естонија, сите партнер училишта на СОУ „Никола Карев“ од Струмица во проектот Еразмус+ проектот CODE OF FUTURE-ECO FRIENDLY ROBOTICS. На средбата разговараа за проектот и нивните идеи за зачувување на животната средина преку пронаоѓање решенија за […]
-Како градоначалник имам обврска да имам свој јасен став во однос на протестот на СОНК и сметам дека денеска е вистинскиот момент да го соопштам, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Правото на протест е уставно загарантирано право и во таа смисла нема да се мешам во нивната одлука за протест.Правото на образование е исто […]