Актерката Дарија Ризова е триесеттиот лауреат на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој се одржа од 8 до 13 овој месец. Таа ја доби наградата за најдобро актерско остварување на јубилејното издание на Фестивалот за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на […]
Две лица се повредени во сообракајка што се случила попладнево околу 15:30 часот во Радовиш, на улицата „Осми Септември“. Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова во сообраќајката учествувале две патнички возила, а возачот и сопатникот од едното возило се повредени. Со возила на Итната помош тие се пренесени на лекување во струмичката […]
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска преку социјалните мрежи информираше дека на барање на граѓаните се асфалтира улицата „Јанко Цветинов“ во Струмица.
Градоначалникот Костадин Костадинов на својот фејсбук профил објави дека 20 талентирани ученици од основно образование во времетраење од 9 месеци ќе добиваат по 2.000 денари стипендија од општината.
Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ и здружението „Медија Флеш“ во рамки на проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници” поддржан од програмата за поддршка Safe Journalistssafejournalists.net, финансиран од страна на Европската унија спроведоа истражување кое имаше за цел да ја истражи моменталната состојба за слободата на репортирање во Југоисточниот регион и преку анкетни листови да […]
Бојан Димовски од Академија Пандев доби повик од селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски кој денеска го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации. Првиот септемвриски меч ќе се одигра на гостински терен во Тбилиси, […]
Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб денес го промовираше и третиот интернационалец од Русија, Максим Михаилов. Искусниот Михаилов во Струмица доаѓа од редовите на Будва, каде настапуваше заедно со Филип Деспотовски. Покрај Михаилов, од Русија во Струмица Никоб пристигнаа и Алексеј Лободин и Александер Злобин.
Сојузот на средношколци преку соопштение изразува разочарување што и на почетокот на учебната 2022/23 година, средношколците се соочуваат со познатиот проблем со недостиг на учебници и бара од институциите решавање на проблемот за да имаат непречен наставен процес. Овој проблем, посочуваат, е исклучително алармантен, особено во претходните неколку години. Во овој период, Сојузот на средношколци […]
Вчера во 09:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на местото „Змиите“ во атар на село Петрово, гевгелиско, било пронајдено починато женско лице мигрант,соопштија денеска од СВР Струмица. Лекар од Итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото е […]
-Јас сум горд градоначалник со такви млади луѓе каква што е Сара Витанова.Млада пијанистка од Струмица која покрај огромните интернационални успеси, ја докажува суштината и смислата за тоа што значи да се биде човек, ама во вистинската смисла на зборот, во време кога тоа е практично најтешко за постигнување, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. […]