Со голот против Атланта, Горан Пандев стигна до 101-от гол во Серија А откако погоди од белата точка против во меч со седум погодоци. Горан Пандев одигра одличен натпревар против Аталанта, но Џенова загуби со 3-4 во 37. коло од Серија А.
25 годишната Александра Ристовска која е долгогодишен член на ЖФК Тиверија, капитен на сениорскиот тим и тренер на младите надежи на Тиверија добива нова улога. Од денес таа е нова претседателка ЖФК Тиверија. ЖФК Тиверија Струмица е клуб со долгогодишна традиција. Клуб кој е веќе претпознатлив во Струмица а и во Македонија. Навистина ми е […]
Во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид 19 , од кои во Струмица тројца нови и 26 оздравени. По градови: -Скопје 30-Куманово 13 -Кичево 8 -Битола 7 -Радовиш 6 -Охрид 5 -Прилеп, Кочани и Македонска Каменица по 4 -Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица-3, Делчево, Пробиштип и Кратово […]
Министерството за Надворешни Работи на Македонија, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ земјата. За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Македонија во Тел Авив на мобилен +972549096965 или некој […]
Во текот на вчерашниот ден (14.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 461 возач. Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а […]
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, соопштуваат од Министерство за здравство. Од таму истакнаа дека продолжува масовната вакцинација со донацијата од 100.000 вакцини „Синофарм“ која пристигна денес. Вкупно аплицирани дози за еден ден: 13.482 Вкупно аплицирани дози: 189.842 Вакцинирани со две дози: 26.415 Пријавени за вакцинација: 346.431 Граѓаните за вакцинација можат да […]
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени. Во Скопје, облачно и посвежо […]
Сто илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат денеска во државава, како донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина. Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на […]
Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, информираше министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил. „Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години“, напиша тој нагласувајќи дека количините постојано се надополнуваат, а граѓаните можат да се пријават на vakcinacija.mk
Министерството за надворешни работи информира дека грчката Влада донесе нова заедничка министерска одлука со која од денеска се укинуваат мерките за ограничување на копнените, воздушните и водните врски со трети држави, вклучително и државјани на Република Северна Македонија. Од денеска до 24 мај се дозволува влез во земјата под неколку услови. Сите патници кои влегуваат […]